Општина Пробиштип воспоставува механизам за учество на граѓаните во процесот на предлагање на нови иницијативи во подготовка на стратешките планови и фискалната стратегија со цел да развие партиципативното учество и одговорно работење во служба на граѓаните.

Општина Пробиштип  распишува Јавен повик за жителите од општина Пробиштип, граѓанските организации и правните субјекти да земат активно учество во креирање на Буџетот на општината за 2026 година.

Процесот на заедничко одлучување овозможува транспарентни практики на одлучување со вклучување на граѓаните, со цел да се развие чувството на одговорност за трошење на општинските средства.

Општината самостојно во рамките на Законот и Статутот на општина Пробиштип надлежна е за следните работи:

  • Урбанистичко планирање
  • Заштита на животна средина и природа
  • Локален економски развој
  • Поддршка на граѓански организации
  • Комунални дејности
  • Култура
  • Спорт
  • Социјална, детска и здравствена заштита
  • Еднакви можности на мажите и жените
  • Детско престапништво
  • Спроведување на подготовки и преземање на мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра од непогоди и несреќи
  • Противпожарна заштита
  • Други работи определени со закон

Пополнетиот образец со проекти, предлози и идеи со финансиска импликација, согласно горенаведените надлежности на општината може да ги доставите  до  Архивата на општина Пробиштип или преку пошта на адреса Јаким Стојковски бр.1 , 2210 Пробиштип секој работен ден од 07:30-15:30 часот или на емаил info@probistip.gov.mk најдоцна до 20.11.2025 година.

По предвидениот рок, градоначалникот на општина Пробиштип Тони Тоневски и и надлежната комисија ќе ги анализираат предложените проекти и согласно финансиските можности ќе ги интегрираат во Буџетот на општина Пробиштип за 2026 година, односно во соодветните програми за работа на општината.

ПРИЛОГ ОБРАЗЕЦ

Образец за поднесување на проекти