Се известуваат сите политички партии, коалиции и група избирачи чии листи на кандидати за Градоначалник и Советници во Советот на општина Пробиштип, се прифатени од страна на ДИК за првиот изборен круг, што треба да се одржат на 19.10.2025 и втор изборен круг за Градоначалник на општина Пробиштип, што треба да се одржат на 02.11.2025 година, дека ждрепката за бесплатно истакнување изборни плакати на територијата на Општината Пробиштип утврдени со Одлуката на Совет на општина Пробиштип (Бр. 26-854/15, од 19.08.2021 год.), ќе се одржи на 25.09.2025 година (четврток) во 13:30 часот во салата на Советот на Општината Пробиштип во Домот на култура „Злетовски рудар“ Пробиштип.
Заинтересираните политички партии и коалиции треба да поднесат барање со полномошно издадено од организаторот на изборната кампања, за локалните избори најдоцна до 25.09.2025 година (четврток) до 12:00 часот во архивата на Општината Пробиштип.
ОПШТИНА ПРОБИШТИП
ПРОБИШТИП