Општина Пробиштип ги информира граѓаните дека во четврток, 12 јуни 2025 година, согласно Програмата за општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2025 година и препораките на Министерството за здравство, ќе се извршат следните активности:

– Ларвицидна дезинсекција против комарци
– Прва дерaтизација против глодари (стаорци)

– Време на извршување: од 10:00 до 15:00 часот

Овие третмани ќе опфатат:

– Подрачјата покрај реките Злетовица, Маричанска и Киселица
– Јаловишните депонии, браната Пишица и рудничките базени
– Сите шахти во централното градско подрачје и пригратските населби
– Просториите и околината на училиштата, здравствениот дом, ЈКП и поголемите индустриски капацитети

Во вечерните часови, со почеток од 21:00 часот, ќе се изврши и адултициден третман од земја против возрасни комарци на целата територија на општината.

Ги молиме граѓаните за соработка и придржување кон соодветни мерки на претпазливост за време на спроведувањето на третманите.

Со почит,
Општина Пробиштип