Општина Пробиштип воспоставува механизам за учество на граѓаните во процесот на предлагање на нови иницијативи во подготовка на стратешките планови и фискалната стратегија со цел да развие партиципативното учество и одговорно работење во служба на граѓаните.

Општина Пробиштип  распишува Јавен повик каде ги повикува жителите од општина Пробиштип, граѓанските организации и правните лица да земат активно учество во креирање на Буџетот на општината за 2025 година .

Процесот на заедничко одлучување овозможува транспарентни практики на одлучување со вклучување на граѓаните со цел да се развие чувството на одговорност за трошење на општинските средства.

Општината самостојно во рамките на Законот и Статутот на општина Пробиштип надлежна е за следните работи:

  • Урбанистичко планирање
  • Заштита на животна средина и природа
  • Локален економски развој
  • Поддршка на граѓански организации
  • Комунални дејности
  • Култура
  • Спорт
  • Социјална Детска и здравствена заштита
  • Еднакви можности
  • Спроведување на подготовки и преземање на мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра од непогоди и несреќи
  • Противпожарна заштита
  • Други работи определени со закон

Предлог-проектите и активностите со финансиската конструкција, треба да се достават на посебна пријава согласно горенаведените надлежности на Општината.Пријавите може да се достават до Едношалтерската канцеларија на Општина Пробиштип, Архивата на општина Пробиштип,преку пошта на адреса,,Јаким Стојковски бр.1 , 2210 Пробиштип секој работен ден од 07:30-15:30 часот или на емаил info@probistip.gov.mk најдоцна до 22.10 2024 година.

 

ПРИЛОГ: Пријава

ОБРАЗЕЦ ЗА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТ