Општина Пробиштип ја информира јавноста дека подготви Извештај за Стратегиска оцена на животна средина за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за некласификувана инфраструктура со намена Е3.1 – локални депонии за одлагање на неопасен отпад – депонија за комунален отпад во Општина Пробиштип, и истиот ќе биде ставен на јавен увид во текот на 15 дена од 20.06.2024 до 05.07.2024, во кој период ќе можат да доставуваат забелешки и сугестии по електронски пат на info@probistip.gov.mk или по пошта: Oпштина Пробиштип ул. “Јаким Стојковски” бр.1, 2210 Пробиштип
Извештајот за стратегиска оцена на влијание врз животна средина ќе биде изложен во Општина Пробиштип, во Одделение за ЛЕР и заштита на животна средина, секој работен ден од 07.30 – 15.30 часот во период од 20.06.2024 до 05.07.2024 година.
Воедно се известуваат граѓаните, правните и физичките лица дека Општина Пробиштип ќе организира консултација со јавноста по Извештај за Стратегиска оцена на животна средина за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за некласификувана инфраструктура со намена Е3.1-Локални депонии за одлагање на неопасен отпад-Депонија за комунален отпад во општина Пробиштип.
Консултацијата со јавноста ќе се одржи на ден 28.06.2024 (петок) со почеток во 13 часот, во округлата сала во Домот на културата,,Злетовски рудар,,.

Scan_20240620_085018