С О О П Ш Т Е Н И Е

за спроведување на јавен увид на Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) со моќност до 10 MW, за ГП 02 на дел од КП 261/1 за КО Трооло, општина Пробиштип

Се известуваат граѓаните на Општина Пробиштип дека се организира јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) со моќност до 10 MW, за ГП 02 на дел од КП 261/1 за КО Трооло, општина Пробиштип, изработен од страна на Друштво за градежништво, проектирање, трговија и услуги СТАН АРТ ДОО Куманово, со Тех.бр.56.01-09/23 од Декември 2023 година.

Предметниот проектен опфат за горенаведениот урбанистички проект, се наоѓа надвор од градежен опфат, во општина Пробиштип. Локација се наоѓа на простор за кој не постои планска документација, до која се доаѓа преку постоен локален пат кој воедно е пристап до локации за село Трооло кое е во непосредна близина на предметната локација.

Планско-проектниот опфат е дефиниран со граница која започнува на :

  • северозапад и запад со граница на остаток од истата КП 261/1, на
  • североисточна граничи со КП 245/3, КП 252, КП 242, потоа оди на
  • исток, југоисток со граница на остаток од истата КП 251, КП 252, КП 261/2, КП 788 и
  • југзапад по граница на КП 794 кое воедно е и јавен пат кој служи за пристап

 

Површината на проектниот опфат изнесува П = 129.337,0 м2 или П=12.93 ха, додека периметарот е со должина од Л=2.273,37м.

Група на класа на намена на проектниот опфат е: Е – Инфраструктури,

класа на намена:

  • Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште).

10-4 Соопштение за ЈУ за УП за ГП 02 Трооло potpisan