Ларвицидна дезинсекција против комарци и Дератизација против глодари, стаорци на 15 Април 2024 година.
Врз основа на препораките на Министерството за Здравство за заштита на населението од заразни болести и програмата за општи мерки за заштита на населението од заразни болести на општина Пробишти за 2024 година на ден 15.04.2024 година во периодот од 10:00 до 15:00 часот на територијата на општина Пробиштип ќе се изврши втора Ларвицидна дезинсекција против комарци и прва Дератизација против глодари, стаорци.
Ќе бидат опфатени површини долж течението на река Злетовица, Маричанска река, река Киселица, двете јаловишни депонии, брана Пишица, руднички базени. Дератизацијата ќе ги опфати сите шахти во централното градско подрачје и пригратските населби со опфат на поголемите капацитети (училишта, здравен дом, ЈКП и поголемите индустриски капацитети).