С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на јавна презентација и јавна анкета  по
Предлог – Детален урбанистички план за Урбан Блок 19, Урбан опфат  19.2,
КО Пробиштип, Општина  Пробиштип

Се известуваат граѓаните на Општина Пробиштип дека се организира јавна презентација и јавна анкета по Конечен Предлог – Детален урбанистички план за Урбан Блок 19, Урбан опфат 19.2, КО Пробиштип, Општина  Пробиштип, со Тех.Број 06/2018 од април 2020, изработен од  Институт за урбанизам, сообраќај и екологија „ИН-ПУМА“ Скопје.

Границата на конкретниот плански опфат е дефинирана со оските на следните сообраќајници:

  • На запад границата се движи по осовината на планираната собирна улица „1”;
  • На север се движи по осовината на планираната собирна улица „2”;
  • На исток се движи по осовината на каналот;
  • На југ се движи по осовината на планираната магистрална улица или постоечката

ул. „Миро Барага“, КО Пробиштип, Општина Пробиштип, сѐ до почетната точка.
Локалитетот се наоѓа на северозападниот дел на Град Пробиштип. Подрачјето на предметниот локалитет е опфатен со Генералниот урбанистички план на Град Пробиштип од 1997 година и новата поделба на блокови на ГУП на Град Пробиштип од 2008 година.
Согласно новата поделба на блокови на Генералниот урбанистички план, предметниот Детален урбанистички план го опфаќа блокот 19.2.
Во рамките на планскиот опфат планирани се 70 градежни парцели .

Вкупната површина на планскиот опфат во рамките на опишаните граници изнесува П=7,03 ха.

ЈАВНА  ПРЕЗЕНТАЦИЈА
со стручно презентирање на

Предлог – Детален урбанистички план за Урбан Блок 19, Урбан опфат 19.2, КО Пробиштип, Општина  Пробиштип, со Тех. број 06/2018 од април 2020, изработен од  Институт за урбанизам, сообраќај и екологија „ИН-ПУМА“ Скопје, ќе се одржи на ден 17.09.2020 год. (четврток) со почеток во 12.00 часот во салата на Советот на Општина Пробиштип, во Домот на културата –  Пробиштип.

ЈАВНА  АНКЕТА по

Предлог – Детален урбанистички план за Урбан Блок 19, Урбан опфат 19.2, КО Пробиштип, Општина  Пробиштип, со Тех. број 06/2018 од април 2020, изработен од  Институт за урбанизам, сообраќај и екологија „ИН-ПУМА“ Скопје, ќе трае 10 (десет) работни дена и во електронска и во писмена форма, секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот во просториите на Одделението за Урбанизам при општина Пробиштип, во периодот од 14.09.2020 год. до 25.09.2020 год., во кој период заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови, кои можат да ги подигнат од Општинскиот центар за услуги (шалтерот) во зградата на кино салата, и од web страната на Општина Пробиштип, или во електронска форма преку информацискиот систем e-urbanizam. Во прилог на анкетните листови  да се достави копие од катастарски план и имотен лист за парцелата за која се доставува забелешката.

Графичкиот  прилог  од  Предлог – Деталниот урбанистички план за Урбан Блок 19 Урбан опфат  19.2, КО Пробиштип, Општина  Пробиштип,  ке  биде  изложен  на   огласна  табла пред влезот на Општинскиот центар за услуги (шалтерот) во зградата на кино салата, во информацискиот систем e-urbanizam и на web страната на Општина Пробиштип www.probistip.gov.mk, а подетални информации во врска со горенаведениот план  може да се добијат во Одделението за урбанизам на Општина Пробиштип, кое се наоѓа во просториите на зградата на кино салата на вториот кат.

Соопштение за ЈП и ЈА за ДУП 19.2

Известување до субјекти за ЈП и ЈА за ДУП за Блок 19.2

Одлука за ЈП и ЈА за ДУП 19.2

Анкетен лист за ДУП 19.2

19_2 sintezen