Почитувани,
Врз основа на одржаната 23 (дваесет и третата) седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на 19 март 2020 година и Извадокот од Нацрт-записникот на Влада на Република Северна Македонија бр.44-2282/4 и 6 (шестиот) состанок на Стручно опертивната група на општина Пробиштип од 20.03.2020 година за превземање на превентивни и оперативни мерки против корона вирусот, ви се доставуваат следните:
З А К Л У Ч О Ц И
- Се забранува собирање во група на повеќе од пет лица во паркови, плоштади и на други јавни места и јавни површини на територијата на општина Пробиштип.
- Се забранува одржување на наставата и спроведување на обуките и испитите во испитните центри од страна на школите за обука за возачи, за период од 14 дена.
- Се препорачува на сите работодавачи во општина Пробиштип, односно сите раководни лица во институциите, во зависност од типот на работата и можностите да ја организира работата и начинот на работа на вработените лица, преку: работа од дома, реорганизација на работата, работа во смени без да се наруши редовното и нормалното функционирање на фирмите и институциите.
- Сите маркети, аптеки, банки и пошта Пробиштип, задолжително да обезбедат редарска служба при влез и во внатрешноста во овие објекти, со цел да се контролира влезот и бројот на лица во истите, така што ќе се обезбеди минимум потребното растојание од два метри помеѓу лицата пред и во објектите.
- Се известуваат сите микро, мали и средни компании од општината дека е вовоедена економска мерка со цел подобрување на ликвидноста на фирмите како и за полесно справување со последиците од корона вирусот и дека од страна на Развојната банка на Република Северна Македонија, а во зависност од бројот на вработени, ќе можат да подигнат кредит од 3 до 30 илјади евра, и тоа:
- Микро компаниите до 10 вработени ќе можат да подигнат кредит од 3 до 5 илјади евра
- Малите компании со 10 до 50 вработени ќе можат да подигнат кредит од 10 до 15 илјади евра
- Средните компании со 50 до 250 вработени ќе можат да подигнат кредит од 15 до 30 илјади евра
Кредитите се бескаматни, со каматна стапка од 0 проценти со грејс период од 6 месеци и рок на отплата од 2 години.
- Сите граѓани на општина Пробиштип кои во последните 14 (четиринаесет) дена го посетиле зимскиот рекреативен центар-Банско во Република Бугарија и ги посетиле земјите со висок и среден ризик на заразеност објавени на листата на Светската здравствена организација да се упатат на тест за дијагностицирање за корона вирус.
- Сите граѓани на општина Пробиштип да ги почитуваат мерките за самоизолација, а воедно и нивните членови од потесното семејство.
- Листата на овие лица ќе се достави до Државниот санитарен и здравствен инспекторат за да во најбрз рок се изготват и достават решенијата за самоизолација.
- Се препорачува на сите граѓани да се придржуваат кон препораките кои се истакнати на сите јавни и видливи места.
Ви благодариме на разбирањето и се надеваме на сериозно, одговорно и дисциплинирано однесување по дадените препораки.
Стручно-оперативна група Пробиштип