Општина Пробиштип во соработка со Советот на млади во општината, формираше мобилни тимови за помош на сите стари и изнемоштени лица од општината.
Сите граѓани од наведената категорија кои имаат потреба од набавка на потребните лекарства, прехрамбени продукти и средства за хигиена, со цел да не излегуваат надвор и да не остваруваат непосреден контакт со други лица, при што би се изложиле на опасност за заразување со Ковид-19 (корона вирус), ќе можат да ги контактираат мобилните тимови во секое време од денот во текот на цела недела, за да ги направат потребните набавки за нив.
Телефони:
078/343 233
078/401 792
078/457 474
078/673 883
032/483 131
Јавното здравје е заедничка одговорност!