Општина Пробиштип ќе започне со реализација на активност – Бесплатни ортопедски прегледи за доенчиња и мали деца предвидена во програмата за социјална детска и здравствена заштита. Ортопедските ехо-прегледи ќе се вршат во просториите на Здравствен дом „Нада Михајлова“ Пробиштип од 09-16 часот од страна на д-р Мирјана Рунчева специјалист по ортопедија од ПЗУ „Ортомедик“ Штип.
Првите бесплатни ортопедски прегледи ќе се извршат на ден 05.10 2019 година (сабота) од 9 – 16 часот.
Пријавувањето за ехо-ортопедски преглед е секој работен ден од 08-16 часот во Здравствен дом „Нада Михајлова” на тел.078-235-764 (Сузана Трајковска).