На барање на Владата, Европската Унија обезбеди 15,5 милиони евра за развој на руралната инфраструктура. Вкупниот износ на програмата, вклучувајќи го и кофинансирањето од страна на Владата изнесува 20,667 милиони евра. Програмата ја имплементира Министерството за финансии, а истата е администрирана од страна на Светска банка.
Во рамките на оваа програма се реализира проектот „Проектирање и изведба на фотоволтаични системи во рурални општини“. Преку реализацијата на овој проект, финансиран со средствата од Европската унија, се поставени фотоволтаични системи во 36 општини на вкупно 108 објекта со што се допринесува за заштеда на електрична енергија во јавните објекти преку користење на алтернативни извори за производство на енергија и заштита на животната средина. Со средствата од Европската Унија во општина Пробиштип, финансирано е поставување на фотоволтаични системи на следните објекти ООУ „Никола Карев“, Спортска сала во ООУ „Браќа Миладиновци “ и ЈОУДГ „Гоце Делчев“ – објект Изворче.
Со овој проект се зголеми и бројот на користени обновливи извори на енергија, согласно стратешките напори на Владата за поттикнување на користење на обновливи извори на енергија и заштита на животната средина.
Со набавката и инсталацијата на фотоволтаичните системи сите три објекти произведуваат по 15kW електрична енергија на час, со што се направија значајни заштеди кај овие објекти, воедно директно се намалауваат трошоците на Општината.