Денес, (10.07.2018) во општина Пробиштип се одржа конференција за Кампањата: „На секое дете му треба семејство“, што ја спроведува Министерството за труд и социјална политика, УНИЦЕФ и СОС Детско село, на којашто свое излагање имаше претставникот на Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, Бенџамин Перкс, градоначалникот, Драган Анастасов, директорот на Центарот за социјална работа и политика Јане Андовски, Соња Атанасова од Завод за социјални дејности и згрижувач Иле Тодосов.
На конференцијата беа претставени условите и мерките за згрижување на деца, а градоначалникот истакна дека општина Пробиштип целосно ја поддржува кампањата и дека има мерки со кои ќе помогне на семејствата што ќе згрижат деца.