„Неделата за грижа на стари лица“ се одбележа во организација на ОО „Црвен крст“ – Пробиштип, Oпштина Пробиштип и Здружението на пензионери во соработка со Дом на култура „Злетовски Рудар“, Здравен дом „Нада Михајлова“ и ЈОУДГ„Гоце Делчев“ – Пробиштип.
Имаше едукативни предавања од областа на здравството, беа посетени станарите во Пензионерскиот дом, се доделија пакети со прехранбени продукти на пензионерите од социјално ранливите категории, се одржаа спортски натпревари помеѓу пензионерите и волонтерите на „Црвениот крст“ – Пробиштип, а членовите на литературниот клуб „Процвет„ при Домот на културата, читаа литературни творби на тема „Моите баба и дедо“.
Медицинската екипа од Здравен дом „Нада Михајлова“ составена од доктор и медицинска сестра посетија стари изнемоштени лица во селата Плешенци, Долни и Горни Стубол при што извршија здравствен преглед, и тоа мерење на крвен пристисок и шеќер во крвта.
Општина Пробиштип и понатаму ќе продолжи со реализација на активности со слична содржина, со што покажува дека посветува големо внимание и грижа на лицата од третата животна доба.