Општина Пробиштип во соработка со ОО„Црвен крст“ Пробиштип и Центарот за социјална работа започнаа да ја спроведуваат акцијата „Се грижиме за топол дом“. Преку оваа акција ги повикуваме сите жители од општината кои имаат можност и кои имаат вишок мебел, покуќнина и апарати за домаќинството а не им се потребни да ги донираат на оние на кои имаат потреба од вакви работи со што ќе ја покажат својата хуманост и општествена одговорност. Целта на акцијата е задовололување на основните потреби на граѓаните кои не можат да си обезбедат средства за купување на овие работи.

Сите граѓани кои имаат можност да донираат да се јават на тел.број во општина Пробиштип 032/483-131 локал 120, во Центарот за социјална работа, 032/483-127  и во ОО „Црвен крст“ 071/246-745 Пробиштип. Исто така на овие телефонски броеви можат да се јават или да се обратат во овие  институции (општина Пробиштип, Центар за социјална работа и ОО „Црвен крст“) и семејствата и поединците во социјален ризик кои имаат потреба од ваква донација.

Да ја покажеме хуманоста и општествената одговорност и да донираме на оние семејства кои имаат потреба од ваква донација.

topol-dom