ЈАВЕН ПОВИК

за учество во иницијативата „Градоначалник на еден ден“

Локален младински совет на општина Пробиштип во соработка со општина Пробиштип објавува јавен повик за избор на младо лице кое ќе има можност да ја преземе улогата „Градоначалник на еден ден“.

 

СТАНИ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ЕДЕН ДЕН!

Дали некогаш си се запрашал како изгледа еден работен ден на градоначалникот? Доколку одговорот е ДА, тогаш овој повик е токму за тебе!

Зошто да се пријавиш?

Овој повик е наменет за сите млади кои сакаат да го скршат мразот, да стекнат директен увид во тоа како функционира политиката „одвнатре“ и да покажат дека лидерството нема граници, при што избраниот кандидат ќе има можност да се запознае со позадинската работа во општината преку тоа што ќе помине работен ден со градоначалникот, ќе присуствува на состаноци и работни активности, ќе се запознае со тековните политики и проекти и ќе има простор да поставува прашања и да предложи идеи поврзани со младински прашања.

 

КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ?

  • Млади на возраст од 15 до 29 години
  • Жители на општина Пробиштип

КРИТЕРИУМИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА

  1. Кратка биографија (CV)
  2. Мотивационо писмо (вметни аргументација и креативност така што јасно ќе образложиш зошто токму ти си вистинскиот избор за можност која нуди раздлабочено да ја разбереш локалната политика, до 300 зборови)

Пријавите треба да се испратат најдоцна до 10ти мај 23:59ч. на e-mail lokalenmladinskisovetps@gmail.com

Иницијативата ќе се реализира во втората половина на мај, а датумот ќе биде одреден со договор со Кабинетот на Градоначалникот.

 Биди нашиот градоначалник на еден ден!