Соопштение за јавноста
Пријавување на штети од елементарна непогода
Општина Пробиштип ги повикува граѓаните кои имаат штети од ниските температури (мраз), што ја зафати територијата на општината во месеците април и мај, материјалните штети на нивните имоти и земјоделски насади, да ги пријават во просториите на општина Пробиштип.
Пријавувањето на штетите може да се изрши секој работен ден од 0730 до 1530 часот, заклучно со 13.05.2026 година (среда), во општина Пробиштип во канцеларијата на Општински центар за услуги.
Пријавувањето на настанатите штети ќе го реализирате со пополнување на Пријава за излез на лице место и на Изјава дека имотот не е осигуран преку осигурителните комапнии (пријава и изјава ќе подигнете во канцеларијата).
Покрај, пополнетите Пријава и Изјава, треба да се достави:
- Фотокопија од лична карта за користење на потребните лични податоци
- Фотокопија од трансакциска сметка на подносителот
- Доказ за основ на користење на земјиштето (фотокопија од имотен лист, фотокопија од решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства од МЗШВ или фотокопија од договор за закуп)
- Доказ за производство на саден сертифициран материјал (доколку се произведува).
Поднесените пријави со пропратните потребни документи ќе бидат обработени од страна на Комисијата за процена на штети предизвикани од природни непогоди и други несреќи на територијата на општина Пробиштип, ќе се направи теренска процена на лице место и ќе биде изработен првичен извештај, кој ќе биде разгледан и усвоен од Совет на општина Пробиштип и ќе биде проследен до Влада на РСМ.
Напомена: Ненавремено доставениете и некомплетните документи нема да бидат разгледани.
