ОПШТИНА ПРОБИШТИП
Тех. бр.29–572/1 од 17.04.2026 година
ОБЈАВА број 51
за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија
по пат на електронско јавно наддавање во Општина Пробиштип
ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со:
- ДУП за УЕ 10 усвоен со Одлука бр. 09-312 од 23.03.1984 година (Сл. гласник на Општина Пробиштип бр.2/1984), за ГП 12 на дел од КП бр.787/36 КО Пробиштип, вонцентрално подрачје на град Пробиштип, со намена А1 семејно домување во станбена куќа, што се наоѓа во населба Пробиштип на улица „Скопска“
- ДУП за УЕ 10 усвоен со Одлука бр. 09-312 од 23.03.1984 година (Сл. гласник на Општина Пробиштип бр.2/1984), за ГП 26 на дел од КП бр.787/36 КО Пробиштип, вонцентрално подрачје на град Пробиштип, со намена А1 семејно домување во станбена куќа, што се наоѓа во населба Пробиштип на улица „Брегалничка“
- ДУП за Блок 7.5 усвоен со Одлука бр. 26-133/11 од 23.12.2015 година (Сл. гласник на Општина Пробиштип бр.40/2015), за ГП 1.30 на дел од КП бр.1564/1, КО Пробиштип, вонцентрално подрачје на град Пробиштип, со намена А2 домување во станбени згради со компатибилни намени Б1, Б2, Б4, Б5, В3, В4, Д3 мах. 40%, што се наоѓа во Пробиштип на улица „Миро Барага“ (новопредвидена улица „11“)
- ДУП за УЕ бр.30А усвоен со Одлука бр. 09-483/1 од 08.10.1999 (Сл. гласник на Општина Пробиштип бр.25/1999), за ГП 164 на КП бр.1470/164 и дел од КП бр.1470/124, КО Пробиштип, вонцентрално подрачје на град Пробиштип, со намена Б1 мали единици за комерцијални и деловни дејности, што се наоѓа во Пробиштип на улица „Тодор Александров“ и улица „Димитар Влахов“
