Еден од начините за подобрување на животниот стандард е секако развојот на културата во нашата општина. Општина Пробиштип поседува една од ретките и уникатни кино сали, со сцена предодредена за изведување на културни и театарски претстави. Минеролошката збирка е единствена збирка од овој тип во Република Македонија која привлекува огромно внимание кај сите посетители на Пробиштип.
Имајќи го во предвид фактот дека флексибилното работно време не остава многу слободно време за дружење како и постојаната изложеност на стрес, организирањето на културни манифестации од различен тип е еден од начините за излез од секојдневните обврски и грижи.
• Реконструкција на Спомен паркот. Извршена е реконструкција на Спомен паркот во Пробиштип што опфати обновување на клупите за седење, нови канти за отпадоци, ново осветлување, постоечкото игралиште е разубавено со нова ограда, детски реквизити за најмладите граѓани и рефлектори за негово користење и во вечерните часови.
• Пробиштипски маскенбал. Големата заинтересираност и желбата за преминување на оваа манифестација во традиција се потврди и со постојаниот пораст на бројот на пријавени маски како и зголеменото внимание кај пробиштипската и пошироката јавност.
• Велигденски хепенинг. Манифестацијата организирана во чест на големиот христијански празник.
• Повеќедневна хуманитарна акција “Срце за вас“ наменета за помош на Јапонија
• “Парада на матурантите“
• “Зелникот на баба“
• Музички “Ретро настан“
• Во насока на подобрување на културниот живот, потпишан е и Меморандум за меѓуопштинска соработка со општините од Источниот плански регион.