ИЗВЕСТУВАЊЕ

             Се известуваат правните лица што имаат седиште на територијата на општина Пробиштип дека во периодот што следуваше општина Пробиштип изготви опомени за неплатена комунална такса и истите ги дистрибуираше по електронски пат на мејл адресите кои што правните лица ги имаат оставено во евиденцијата на општината.
Имајќи во предвид дека рокот за наплата на комуналната такса е изминат и веќе рокот по опомените e исто така поминат ги известуваме правните лица дека во општина Пробиштип веќе се изготвуваат решенијата за присилна наплата и во периодот што следува истите ќе бидат реализирани.

Општина Пробиштип
Одделение за финансиски прашања

С О О П Ш Т Е Н И Е за спроведување на јавен увид на Урбанистички проект вон опфат и во опфат на урбанистички план за инфраструктура за електричен кабел од 10 (20) kV, од новопланирана трафостаница на КП 629/2 КО Неокази, до приклучна точка на постојна трафостаница ТАБ МАК, КО Пробиштип, во Општина Пробиштип

С О О П Ш Т Е Н И Е

за спроведување на јавен увид на Урбанистички проект вон опфат и во опфат на урбанистички план за инфраструктура за електричен кабел од 10 (20) kV,
од новопланирана трафостаница на КП 629/2 КО Неокази,
до приклучна точка на постојна трафостаница ТАБ МАК, КО Пробиштип,
во Општина Пробиштип

Се известуваат граѓаните на Општина Пробиштип дека се организира јавен увид по Урбанистички проект вон опфат и во опфат на урбанистички план за инфраструктура за електричен кабел од 10 (20) kV, од новопланирана трафостаница на КП 629/2 КО Неокази, до приклучна точка на постојна трафостаница ТАБ МАК, КО Пробиштип, во Општина Пробиштип, изработен од Друштво за трговија, производство, градежништво, услуги и консалтинг „ЧИП ГРОУП ”ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, со Тех.Бр.21-06/23 од октомври 2023 год.
Проектниот опфат на Урбанистичкиот проект вон опфат и во опфат на урбанистички план за инфраструктура за електричен кабел од 10(20) kV, од новопланирана трафостаница на КП 629/2 КО Неокази, до приклучна точка на постојна трафостаница ТАБ МАК, КО Пробиштип, во Општина Пробиштип поминува низ северниот дел од КО Неокази и низ јужниот дел од КО Пробиштип.
Проектниот опфат ги опфаќа дел од катастарските парцели: КП 629/2, КП 49/2 КО Неокази, КП 49/3 КО Неокази, КП 4684 КО Пробиштип, КП 4674/2 КО Пробиштип, КП 886 КО Неокази, КП 38/2 КО Неокази, КП 38/4 КО Неокази, КП 46 КО Неокази, КП 38/3 КО Неокази, КП 33 КО Неокази, КП 38/3 КО Неокази, КП 4428/1 КО Пробиштип, КП 4428/23 КО Пробиштип (трафостаница ТАБ МАК). (more…)

С О О П Ш Т Е Н И Е – П О В И К за спроведување на Јавна презентација и Јавна анкета по Нацрт план за Детален урбанистички план за Урбан Блок 14, Урбан Опфат 14.2, Општина Пробиштип

С О О П Ш Т Е Н И Е – П О В И К

за спроведување на Јавна презентација и Јавна анкета  по  Нацрт план за Детален урбанистички план за Урбан Блок 14,

Урбан Опфат 14.2, Општина  Пробиштип

Покана за ЈП и ЈА за ДУП за Блок 14.2 p.g.

Соопштение за ЈП и ЈА по ДУП за Блок 14.2 p.g.

Одлука за ЈА и ЈП по ДУП за Блок 14.2

Анкетен лист

Синтезен план за ДУП 14.2

Објава за јавна анкета и јавна расправа за ДУП 11, МОДУЛ 4

ПОВТОРНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА (повторна)
со стручно презентирање на

Предлог план за Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од Урбан Блок 11, Урбан модул 4, КО Пробиштип, Општина Пробиштип, со Тех. број 23/2021 од септември 2023, изработен од Институт за урбанизам, сообраќај и екологија „ИН-ПУМА“ Скопје, ќе се одржи на ден 09.11.2023 год. (четврток) со почеток во 12.00 часот во салата на Советот на Општина Пробиштип, во Домот на културата – Пробиштип. (more…)

Известување за дератизација

Ве известуваме дека на ден 03.10.2023 година (вторник) на територијата на општина Пробиштип ќе се изврши Дератизација (еден третман – аплицирање на хемиски мамец).

Службата за дезинфекција, дезинсекција и дератизација ангажирана од Општина Пробиштип ќе изврши  Дератизација во шахти во централното градско подрачје и приградските населби во Калниште, Пробиштип и Злетово, со опфат на поголемите капацитети (училишта, здравствен дом, ЈКП и поголемите индустриски капацитети).

ИЗВЕСТУВАЊЕ – прскање против комарци

Во деновите 17.08.2023 и 18.08.2023 година во периодот од 22 часот до раните утрински часови наредниот ден (четврток и петок) на територијата на општина Пробиштип ќе се изврши адултицидно третирање (прскање од земја) против возрасни комарци за оваа година. Акцент при прскањето ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на Маричанска река, двете јаловишни депонии, патот кон с. Стрмош и сите поголеми населени места. Се известуваат граѓаните да го имаат во предвид третирањето во овој временски период и да превземат заштитни превентивни мерки.

Ј А В Е Н П О В И К

 

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Пробиштип , во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 07.08.2023 година се објавува:

Ј А В Е Н П О В И К
до
евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Образовни асистенти на ученици со попреченост во СОУ Н.Н.Борче Пробиштип” за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Пробиштип. Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.

(more…)

ИЗВЕСТУВАЊЕ – прскање против комарци

Се известуваат граѓаните на општина Пробиштип дека најавеното авионско третирање против комарци за ден 27.07.2023 година (четврток) е одложено поради ветровитото време и истото ќе се изврши на 30.07.2023 (недела) во раните утрински часови. Акцент ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на река Киселица од Приградска населба Пробиштип по патот кон с. Плешенци, долж течението на Маричанска река и двете јаловишни депонии. Ќе ги опфатиме и сите поголеми населени места.