Соопштение за прекинување на воспитно-образовниот процес во детските градинки, основното, средното и високото образование

Се прекинува воспитно-образовниот процес во детските градинки, основното, средното и високото образование, се забрануваат масовни јавни настани и организираните патувања во високо ризичните земји.

1.  Да се заострат мерките и активностите за превенција од ширење на корона вирусот.

2. Да се прекине со воспитно – образовниот процес и наставата во сите детски градинки, основни и средни училишта и високо – образовни установи и во јавните научни институти на територијата на Република Северна Македонија, во наредните 14 дена. Се прекинуваат и сите воншколски или дополнителни програми како што се курсеви за странски јазици и слично.

3. За спроведување на оваа мерка еден од родителите на децата до 10 години, што ќе бидат ослободени од обврската да одат во градинките или да ја следат наставата, ќе бидат ослободени и од обврската да ги извршуваат работните обврски.

4. Да се забранат масовни собири и настани на отворен и затворен простор, како и сите културни настани и манифестации на територијата на Република Северна Македонија, со над 1000 учесници, во наредните 14 дена. Владата препорачува неодржување на јавни настани на кои се очекува присуство до 1000 учесници.

5. Да се забрани присуство на гледачи (публика) на сите спортски настани на територијата на Република Северна Македонија, во наредните 30 дена.

6. Да се воведе задолжителна самоизолација на сите лица кои доаѓаат од високо и средно ризичните држави, во период од 14 дена (согласно листата на Светската здравствена организација).

7. Да се забрани извоз на медицинска опрема и медицински средства и материјали од страна на економските оператори и производители од Република Северна Македонија, освен со посебна дозвола која ја издава Министерство за здравство.

8. Да се препорача на возрасните и високоризичните категории на граѓани со хронични болести да го намалат своето движење и да го избегнуваат јавниот превоз.

9. Да се препорача избегнување на патување во земји кои се од висок и среден ризик, согласно листата од Светската здравствена организација.

10. Државната изборна комисија да ги ослободи од понатамошно учество во изборниот процес вработените од јавните здравствени установи и да бидат заменети со други лица.

11. Физичките и правните лица што не ги почитуваат и кои ги прекршуваа препораките ќе бидат казнети согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

12. Да се воведе health locator карта за сите летови и сите авиокомпании, односно образец кој ќе го пополнуваат патниците со податоци за полесно контактирање доколку за тоа се укаже потреба.

13. Да се забрани организиран меѓународен автобуски превоз (автобус, комбе, минибус и сл.) кон високо ризичните земји, како и од тие земји кон Република Северна Македонија.

14. Да се зајакне присуството на волонтерите од Црвениот крст на Република Северна Македонија, во соработка со Министерството за здравство, на сите гранични премини.

15. Целосно да се почитуваат мерките за превенција од оваа болест, упатени од Министерството за здравство кои се однесуваат на засилени хигиенски мерки.

16. Да се упати заклучок и препорака од страна на Владата на Република Северна Македонија до сите органи на државната управа и до едниците на локалната самоуправа за времен прекин од работни обврски (не одење на работно место и да останат во своите домови) за бремените жени и хроничните болни лица.

17. Сите јавни претпријатија и приватни компании што вршат јавен превоз на патници да вршат редовна дезинфекција на превозните средства.

18. Владата им препорачува на сите владини и државни институции, како и на јавните претпријатија да ги откажат сите патувања или да ги организираат предвидените состаноци преку интернет комуникацијата.

19. Се задолжуваат сите владини и државни институции, како и јавните претпријатија да воведат мерки за заштита и за дезинфекција во сите државни институции на влезовите во институциите. Оваа мерка Владата им ја препорачува и на компаниите од реалниот сектор.

Известување – логопед

Се известуваат сите заинтересирани родители кои нивните деца имаат проблеми во говор и јазик и имаат потреба од логопедски вежби можат да закажат термин за логопедски третмани на телефонскиот број 075-389-555.

Логопедските третмани ќе се извршуваат во месеците март, април и мај секој вторник и четврток од 16:30 часот во просториите во ООУ„Браќа Миладиновци “ и секој петок од 16 :00 часот во Подрачното училиште во Злетово  од  страна на логопедот Татјана Љапова.

Оваа активност ја реализира општина Пробиштип согласно предвидената активност во програмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2020 година.

ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на граѓаните на Општина Пробиштип за набавка на инвертер клима уред за 2020 година

Општина Пробиштип, со цел да ги стимулира граѓаните за користење на обновливи извори на енергија за затоплување на своите домови, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, ќе им обезбеди поврат на дел од потрошените средства, за клима уреди – инвертер купени во тековната година па до денот на завршување на јавниот повик, односно се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена

Општина Пробиштип, за реализација на мерките против загадувањето на воздухот, рапишува јавен повик за субвенционирање на граѓаните за купување инвертер клими.

Барателите треба да ги достават барањата и документацијата во прилог во затворен плик до „Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер клима уред за 2020 година“ во архивата на Општина Пробиштип, на адреса ул.Јаким Стојковски бр.1 Пробиштип, секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот.

Јавен оглас

Изјава

Барање

Јавен оглас за ангажирање на работници по Акциониот план за јавни работници

Општина Пробиштип има потреба од работно ангажирање на 10 работници за време од десет месеци со скратено работно време, за извршување на работи од јавен интерес на територијата на општина Пробиштип, а кои се однесуваат на одржување и уредување на јавни површини и инфраструктурни објекти согласно Акциониот план за вршење на јавните работи.

Оглас за јавни работници

Пријава

ВОДИЦИ 2020

По повод верскиот православен христијански празник „Водици“ на 19.01.2020 година (недела) во Злетово со почеток во 7:30 часот на местото викано „Пешка“ и во Пробиштип со почеток во 11:00 часот на Аква паркот, ќе се одржи Манифестацијата „Чествување на Водици“ на која ќе се осветат водите во Злетовска река и во градскиот базен каде ќе се капат голем број на наши сограѓани во потрага по светиот крст. Во Злетово литургијата во црквата „Пресвета Богородица“ ќе започне во 6 часот, а во Пробиштип во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ ќе започне во 8 часот. По завршување на литургијата од двете цркви со литија капачите и граѓаните ќе дојдат до местото на настанот каде ќе се изврши осветување на водите и фрлање на светиот крст.

Сите младоженци кои минатата година стапиле во брак и граѓани кои сакаат да се фрлаат во водите по светиот крст задолжително да се пријават во црквите во Пробиштип и Злетово. Пријавувањето е секој работен ден (од 09 – 18.01.2020 год.) во период од 09 – 16 часот . Лицата кои нема да се пријават нема да им биде дозволено да се фрлат во водите по светиот крст.

Напомена: Сите што ќе се капат во Пробиштип задолжително да одат на утринска литургија и сите со литијата да дојдат до местото на капење – Аква парк Македонија.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП
Одделение за јавни дејности

Бадниково гранче 2020

По повод најголемиот верски празник , Божиќ, во организација на Општина Пробиштип на месноста Жгури, традиционално се организира берење на бадникови гранчиња и палење на коледарски оган.

По тој повод ги известуваме сите заинтересирани граѓани на општина Пробиштип, на ден 03 јануари (петок), во 10 часот од пред зградата на Општина Пробиштип, во центарот на градот ќе има бесплатен организиран превоз до месноста Жгури каде ќе се одржи оваа веќе традиционална манифестација, на која ќе се избере и новиот кум, кој ќе биде дел од организацијата на настанот во наредната година.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП
Одделение за јавни дејности

ИЗВЕСТУВАЊЕ на граѓаните и засегнатите страни за активностите за доградба на постојна градинка

ИЗВЕСТУВАЊЕ на граѓаните и засегнатите страни за активностите за доградба на постојна градинка и за документот „Листа за проверка (чек-листа) за планот за управување со животната средина и социјална листа за проверка (чек-листа) за планот за управување со животната средина и социјалните аспекти (ПУЖССА) “ во Општина Пробиштип во рамки на Проектот за подобрување на социјални услуги (ППСУ Проект)

Известување Пробиштип

SSIP-ESMP-Checklist_Probistip_MK verzija_30.12.2019

SSIP ESMP Checklist_Probistip_23.12.19_SPA

Обуки за компостирање во Пробиштип

Откако на почетокот на декември во Пробиштип беа монтирани двете компостерски единици набавени по проектот БИООТПАД во кој Универзитетот „Гоце Делчев“ е партнер, веќе е извршена и обука на претставниците од ресторани и хотели и институции кои ќе одлагаат органски отпад во една од компостерките.

Оваа обука беше реализирана во два дела. Теоретскиот дел е спроведен од проф. д-р Марија Хаџи Николова, екстерен експерт по работен пакет 4. Таа пред претставниците ги претстави основните цели на проектот, што претставува процесот на компостирање, зошто е добро да се компостира, пионерските чекори во процесот на рециклирање. Акцент беше ставен на главната цел,  а тоа е заштита на животната средина.

Понатаму со помош на летоци и презентација јасно беше назначено кој органски отпад може и смее да се става во компостерката, а кој не смее и не може. Согласно со упатството за користење беа претставени чекорите на компостирање.

Техничките лица за УГД и за Општина Пробиштип по работен пакет 3 – проф. д-р Ѓорѓи Димов и Марјан Михајлов укажаа на важноста на овој пионерски проект во менувањето на навиките, давањето пример на градот, заедницата и воопшто на државата, бидејќи овој проект може да се рашири како една добра пракса низ цела Македонија.

Во вториот дел од обуката на претставниците практично им беше покажано како работи компостерката и како тие во иднина треба да го одлагаат органскиот отпад.

obuka biootpad 1 obuka biootpad 2 obuka biootpad 4 obuka biootpad 5

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Ве известуваме дека бесплатните ортопедски ехо-прегледи за доенчиња и мали деца ќе се вршат на ден 14.12 2019 г (сабота) од 09-16 часот во просториите на Здравствен дом „Нада Михајлова“ Пробиштип од страна на д-р Мирјана Рунчева специјалист по ортопедија од ПЗУ „Ортомедик“ Штип.
Оваа мерка ќе продолжи и во 2020 година, предвидена е во програмата за социјална детска и здравствена заштита на општина Пробиштип. Пријавување во општина Пробиштип на тел.032-483-131.

Компостот во Пробиштип веќе е реалност

Компостерските единици на шведската фирма „БИГХАНА“ веќе се пристигнати во Пробиштип и се распоредени на две локации согласно со претходно утврдените евалуации на теренот и критериумите по проектот „БИООТПАД“.

Во текот на вчерашниот ден тимот од професори ангажирани како технички лица и раководителите на проектот од страната на УГД, како и техничките и експертските лица од страната на Општина Пробиштип, имаа обука за ракување и управување со компостерските единици.

Обуката беше спроведена од страна на Сесилија Ек од Шведска, претставник на компанијата Бигхана и Константин Тумпалов од Софија, Бугарија, од бугарското претставништво на фирмата. Понатаму техничките лица и експертите истата обука ќе ја спроведат и на локалното население кое ќе биде вклучено во проектот и ќе има свој удел во пишувањето историја во процесирањето на органско ѓубриво во Македонија.

Станува збор за исклучително квалитетни и корисни машини кои работат компостирање во еден сосема затворен процес без никакво штетно влијание врз животната средина, а придобивките од нив се органско ѓубриво кое ќе може да се користи за јавните површини на општината, од една страна, и промена на навиките на луѓето во справувањето и сепарацијата на отпадот, од друга страна.

Проектот се реализира преку програмата „Балкан Медитеран“ и ќе трае до 31 мај 2020 година.

biootpad 2019 2 biootpad 2019 3 biootpad 2019 4 biootpad 2019 5