Јавен повик: Консултации за Регионалниот систем за управување со отпад и Стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за Источниот и Североисточниот регион
Јавен повик: Консултации за Регионалниот систем за управување со отпад и Стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за Источниот и Североисточниот регион
ОПШТИНА ПРОБИШТИП
Број 26-1027/1
07.11.2025 година
ПРОБИШТИП
Врз основа на член 37 од Законот за локална самоуправа (Службен Весник на РМ бр.5/2002 и Службен Весник на РСМ бр.202/24) и член 7 став 2 од Деловникот на Советот на општина Пробиштип (Службен Гласник на општина Пробиштип бр.5/2005, 23/2019 и 42/2020) Претседателот на Советот на општина Пробиштип од предходниот состав донесе:
Р Е Ш Е Н И Е
За свикување на првата конститутивна седница на
Советот на Општина Пробиштип
Ја свикувам првата конститутивна седница на Советот на општина Пробиштип.
Седницата ќе се одржи на ден 11.11.2025 година (вторник) со почеток во 12,00 часот во конференциската сала во Домот на културата Пробиштип, со следниот:
ДНЕВЕН РЕД
– Формирање на Верификациона Комисија;
– Верификација на мандатите на членовите на Совет на општина Пробиштип;
– Потпишување свечени изјави
– Формирање на Кандидациона Комисија;
СОВЕТ НА ОПШТИНА ПРОБИШТИП
Претседател
Дарко Анастасовски
Општина Пробиштип во фаза е на изготвување на Програмите за 2026 година.
Се известуваат сите спортски друштва/поединци кои се регистрирани и функционираат, односно се натпреваруваат во некоја од македонските лиги или надвор од Македонија, да достават Програма за 2026 година, во која треба да се содржани сите активности кои што ги планирате, со вкупно потребен Буџет, врз основа на што би Ве предвиделе во Буџетот на општина Пробиштип со дел од средства како поддршка на спортот и спортските активности во нашата опоштина. Програмите да ги доставите до Одделението за јавни дејности при Општина Пробиштип секој работен ден од 0730 – 1530 часот, а најдоцна до 14.11.2026 година (петок). Повеќе информации на тел: 483 131 локал 107.
ОПШТИНА ПРОБИШТИП
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ
Се известуваат сите политички партии, коалиции и група избирачи чии листи на кандидати за Градоначалник и Советници во Советот на општина Пробиштип, се прифатени од страна на ДИК за првиот изборен круг, што треба да се одржат на 19.10.2025 и втор изборен круг за Градоначалник на општина Пробиштип, што треба да се одржат на 02.11.2025 година, дека ждрепката за бесплатно истакнување изборни плакати на територијата на Општината Пробиштип утврдени со Одлуката на Совет на општина Пробиштип (Бр. 26-854/15, од 19.08.2021 год.), ќе се одржи на 25.09.2025 година (четврток) во 13:30 часот во салата на Советот на Општината Пробиштип во Домот на култура „Злетовски рудар“ Пробиштип.
Заинтересираните политички партии и коалиции треба да поднесат барање со полномошно издадено од организаторот на изборната кампања, за локалните избори најдоцна до 25.09.2025 година (четврток) до 12:00 часот во архивата на Општината Пробиштип.
ОПШТИНА ПРОБИШТИП
ПРОБИШТИП
Општина Пробиштип ги информира граѓаните дека во вторник, 09 Септември 2025 година, согласно Програмата за општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2025 година и препораките на Министерството за здравство, ќе се извршат следните активности:
Петти адултициден третман (прскање) против возрасни комарци од земја на подрачјето на општина Пробиштип
Овој третман ќе опфати:
– Јаловишна депонија покрај регионален пат Пробиштип-Штип и јаловишна депонија Скрдово, мост кај с.Неокази на регионален пат Пробиштип-Свети Николе
– Сите водостојни базени во кругот на рудникот Булмак
– Течение на река Киселичка
– Водостој на безинска пумпа Макпетрол на влез во град Пробиштип
– Маричански дол од мост кон с.Добрево до мост до чешма Леговец
– Населба Злетово по течението на реката и мостот на Киселичка река
– Месност Глобица и водостој на рибник
– Кундиско езеро и брана Пишица и други локации по техничка спецификација од програмата и договорот за извршување на задачите
Адултициден третман (прскањето) од земја против возрасни комарци на целата територија на општината ке се изврши со почеток од 21:00 часот.
Ги молиме граѓаните за соработка и придржување кон соодветни мерки на претпазливост за време на спроведувањето на третманите.
Со почит,
Општина Пробиштип
Општина Пробиштип ги информира граѓаните дека во понеделник, 11 август 2025 година, согласно Програмата за општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2025 година и препораките на Министерството за здравство, ќе се изврши следните активности:
Четврт адултициден третман (прскање) против возрасни комарци од земја на подрачјето на општина Пробиштип
Овој третман ќе опфати:
– Јаловишна депонија покрај регионален пат Пробиштип-Штип и јаловишна депонија Скрдово, мост кај с.Неокази на регионален пат Пробиштип-Свети Николе
– Сите водостојни базени во кругот на рудникот Булмак
– Течение на река Киселичка
– Водостој на безинска пумпа Макпетрол на влез во град Пробиштип
-Маричански дол од мост кон с.Добрево до мост до чешма Леговец
-Населба Злетово по течението на реката и мостот на Киселичка река
-Месност Глобица и водостој на рибник
– Кундиско езеро и брана Пишица и други локации по техничка спецификација од програмата и договорот за извршување на задачите
Адултициден третман (прскањето) од земја против возрасни комарци на целата територија на општината ке се изврши со почеток од 21:00 часот.
Ги молиме граѓаните за соработка и придржување кон соодветни мерки на претпазливост за време на спроведувањето на третманите.
Со почит,
Општина Пробиштип
Општина Пробиштип ги информира граѓаните дека во четврток, 17 јули 2025 година, согласно Програмата за општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2025 година и препораките на Министерството за здравство, ќе се извршi следните активности:
Трет адултициден третман (прскање) против возрасни комарци од земја на подрачјето на општина Пробиштип