ИЗВЕСТУВАЊЕ

За ждребување за места за лепење на изборни плакати во Општина Пробиштип

Се известуваат сите политички партии, коалиции и група избирачи чии листи на кандидати за Претседател на РСМ и Пратеници во Собранието на РСМ се прифатени од страна на ДИК за првиот изборен круг на Претседателските избори што треба да се одржат на 24.04.2024 и втор изборен круг што треба да се одржат на 08.05.2024 година, дека ждрепката за бесплатно истакнување изборни плакати на територијата на Општината Пробиштип утврдени со Одлуката на Совет на општина Пробиштип (Бр. 26-854/15, од 19.08.2021 год.), ќе се одржи на 02.04.2024 година (вторник) во 12:30 часот во салата на Општината Пробиштип. За парламентарните избори ждрепката ќе се одржи на 17.04.2024 година (среда) со почеток во 12,30 часот во салата на Општина Пробиштип.

Заинтересираните политички партии и коалиции треба да поднесат барање со полномошно издадено од организаторот на изборната кампања, за претседателските избори најдоцна до 02.04.2024 година (вторник) до 12:00 часот на архивата на Општината Пробиштип и за парламентарните избори најдоцна до 17.04.2024 година (среда) до 12 часот.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП

ПРОБИШТИП

Записник

Записник

од извршен инспекциски надзор

Реден број од Дневникот на Овластен градежен инспектор: 25/2021

zapisnik

ИЗВЕСТУВАЊЕ   

Почитувани сограѓани,

Општина Пробиштип ги известува сите граѓани кои имаат поднесено барање за легализација на бесправно изграден објект, а кои досега немаат добиено Решение за легализација, поради запазување на законскиот рок за решавање, којшто истекува во март 2021 година, да се јават на тел. бр. 032/ 483-131, локал 123 или лично да дојдат во Одделението за урбанизам на општина Пробиштип, секој работен ден во периодот од 07:30 – 15:30 часот, со цел регулирање на статусот на нивниот предмет.

 Во спротивно барањата со нерегулиран статус ќе бидат одбиени.

 

Со почит,

Општина Пробиштип