Туризам

Развој на Пониква како туристичко-рекреативен спортски центар
Нова опрема на Пониква: Со поддршка на Владата на РМ спортско рекреативниот центар Пониква доби донација од еден ратракт, систем за производство на вештачки снег, две моторни санки, нов сноуборд парк.
Целата донација е со вкупна инвестиција од над 1 милион евра.

Индустриска зона

Во месец Декември 2013 година завршивме значаен дел од инфрастуктурата во едната индустриска зона, кој се однесуваше на асфалтирање на улица во должина од 260 м и канализација во должина од 350 м.
Вкупната инвестиција изнесуваше околу 10 милиони денари.

Градски пазар

– Во месец Август 2013 година го завршивме и свечено го пуштивме во употреба новиот градски пазар кој претставува најголема инвестиција на општината во последните 20 години. Вкупната вредност за негова реализација изнесувеше 72 милиони денари.

Индустриска зона со комплетна инфраструктура

Усвоени се два урбанистички планови ДУП 12.1 и ДУП 2.1 наменети за лесна и незагадувачка и тешка индустрија.
Изградбата на комплетната инфраструктура за едната индустриска зона е предвидена во Програмата за изградба и одржување на општински улици и патишта и Програмата за изградба на водовод и канализација за 2012 година. Ова подразбира изградба на водоводна и канализациона мрежа, изградба на улици, тротоари, улично осветлување како и поставување на сите неопходни инсталации и приклучоци. Вкупната инвестиција на овој проект во првата фаза изнесува над 10 милиони денари.

Пречистителна станица

Во месец Јануари 2013 година ја пуштивме во употреба пречистителната станица за вода за пиење. Вкупната инвестиција на овој проект изнесуваше 1.500.000 евра.