Општина Пробиштип, во соработка со невладините организации “Волонтерски Центар Скопје” и “Да Научиме”  во следните неколку месеци ќе спроведува Проект поддржан и финансиран од страна на Европската Унија, а кој ќе биде имплементиран со грант добиен од страна на ПСМ и Евро Центар фондациите, во рамките на проектот “Градење на локални капацитети за креирање на младински политики”. Во рамки на проектот е предвидено да се спроведат бесплатни курсеви по странски јазици (англиски, италијански и германски јазик) кои ќе бидат наменети пред се за млади невработени луѓе од општина Пробиштип, на возраст од 18-27 години. Сите заентересирани млади невработени лица од 18 – 27 години, можат да се пријават во Просториите на Општина Пробиштип, во Одделението за Локален економски развој, кај Александра Петровска, најдоцна до 28.11.2016 година  секој работен ден од 09 – 16 часот.