Локалната самоуправа на општина Пробиштип во соработка со волонтерот на Мировен корпус во Пробиштип организира бесплатни курсеви по англиски јазик за возрасни лица.

Курсевите ќе се одржуваат два пати неделно, во попладневен термин, во просториите на Дом на култура “Злетовски рудар“.

Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават на e-mail: info@probistip.gov.mk или на тел. 032-483-131, лице за контакт Ирена Бошковска, најдоцна до 10 Април 2017 година.