Реконструкција на кино сала

• Реконструкција на фасада на кино сала. Во текот на 2011 година се изврши реконструкцијата на фасадата на кино салата во центарот на градот, следена со модерна илуминација. Инвестицијата е вредна 3.600.000 денари, а средствата беа обезбедени од буџетот на општина Пробиштип.
• Добиена е донација од Министерството за култура во висина од 1.500.000 денари. Средствата ќе бидат наменети за реконструкција на кровот на кино салата, за што веќе е изработена техничката документација и во тек е постапката за избор на Изведувач.

Асфалтирање на патен правец Пробиштип – с. Плешенци

Во текот на 2011 година се заврши со целосно асфалтирање на патниот правец Пробиштип-с.Плешенци.  Вкупната должина на овој локален пат изнесува 3.291 метар. Овој проект е реализиран од страна на Агенцијата за државни патишта. Вкупната инвестиција изнесува 225.000 евра.

УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ

Изработката и донесувањето на детални урбанистички планови е темел на развојот на секоја општина. Индустрискиот развој е речиси невозможен без потребната техничка документација и јасна намена на секоја парцела и област. Во изминатиот период се донесоа повеќе Детални урбанистички планови, се спроведе проектот за легализација на нелегално изградените објекти, како станбени така и индустриски, со што граѓаните конечно се во можност да добијат документ за сопственост на своите домови и објекти.
• Донесени се повеќе детални урбанистички планови од кои два се за индустриски зони.

• Усвоени урбанистички планови:
• ДУП за УБ 11.4, П=1,34ха, плански период 2009-2014 година
• ДУП за УБ 13.3, П=3,2ха, плански период 2009-2014 година
• ДУП за УБ 7.4 и 11.2, П=5,6ха, плански период 2009-2014 година
• ДУП за УБ 11.1, П=4,9ха, плански период 2009-2014 година
• ДУП за УБ 12.1, П=18,84ха, (индустриска зона),плански период 2009-2014
• ДУП за УБ 2.1, П=10,45ха, (индустриска зона), плански период 2009-2014
• Локална урбанистичка планска документација (ЛУПД) за Манастир Св.Василиј, Пониква, П=0,675ха
• Локална урбанистичка планска документација (ЛУПД) за пристапен пат паркиралиште-манастир Св.Василиј СРТЦ Пониква

• Урбанистички планови во постапка:
• ДУП за УБ 14.2 дел, П=4,67ха
• ДУП за УБ 10.2 Лиса Гара, П=7,32ха, плански период 2010-2015 година
• Урбанистички план вон населено место (УПВНМ) за Спортско рекреативен туристички центар Пониква, м.в.Арамиска чешма, П=25ха, плански период 2009-2014 година
• Урбанистички план вон населено место (УПВНМ) за Спа центар Пробиштип Спортско рекреативен и бањски центар м.в.Леговец КО Злетово и КО Древено, П=6,34ха
• Блок 11.4 УМ 4 П=4,9ха (градски плоштад)
• Блок 7.5, П=6,6ха (стара бензинска пумпа)
• Блок 5.1, П=6,5ха (нова бензинска пумпа)
• Блок 5.3, П=9,7ха (нас.Камењар, лева страна)
• Блок 15.2, П=5,0ха

• Изработени позначајни проекти 2009-2012:
• Соработка со јавниот сектор-изработка на проекти и апликации за објекти од образование, култура, спорт
• Основен проект за градски пазар за земјоделски и услужни дејности во Пробиштип
• Основен проект за сите фази реконструкција на Градски парк во Пробиштип
• Основен проект за партер на Градски пазар за земјоделски и услужни дејности во Пробиштип
• Основен проект за изградба на улици, водоводна мрежа, канализациона мрежа и улично осветлување на сообраќајници фази патишта, хидротехнички проект, електротехнички проект за ДУП УБ 12.1 во Пробиштип
• Основен проект за реконструкција и санација на покривна конструкција на кино сала Дом на култура “Злетовски рудар“ Пробиштип
• Основен проект за реконструкција на фасада на зградата на кино сала во Пробиштип
• Основен проект за партерно уредување на простор за паркирање заден плоштад Пробиштип
• Основен проект за реконструкција со доградба на кино сала при ОУ Дом на култура “Злетовски рудар“ Злетово
• Измени на Основен проект за градски пазар за земјоделски и услужни дејности фаза архитектура и градежни конструкции
• Изработка на проектна документација за пат паркиралиште-Манастир Св.Василиј на Пониква, финансирано од Центарот за развој на Источен плански регион со сопствено учество на Општина Пробиштип
• Изработка на проектна документација за водоснабдување на СРТЦ Пониква, финансирано од Центарот за развој на Источен плански регион со сопствено учество на Општина Пробиштип
• Основен проект во сите фази за изградба на зграда за социјални станови
• Основен проект за изградба на улици во с.Пишица
• Основен проект за изградба на Еко патека во с.Марчино
• Туристичка карта на град Пробиштип
• Усвоена програмата за енергетска ефикасност на Општина Пробиштип за период од 2011 до 2015 година
• Усвоен Планот и програмата за управување со отпад 2011-2016 година на територијата на општина Пробиштип

• Урбанизација на Пониква
• Во тек е изградба на Сноу борд патека која ќе опфати изградба на патека за екстремни спортови со додатни содржини како мало акумулациско езеро, сноу борд патека и инсталирање топови за вештачки снег на двата ски лифта на Пониква. Ова е заеднички проект на општините Пробиштип и Кочани, а изградбата е инвестиција на МЕПСО вредна 4 милиони евра.
• Донесен е урбанистички план за вон населено место за м.в. Арамиска чешма
• Изработена е Студија за мали акумулациони езера за Арамиска чешма
• Изработена локална урбанистичка планска документација за изградба на пристапен пат од паркиралиште до манастир Св. Василиј КО Јамиште, општина Пробиштип
• Изработена е и локална урбанистичка планска документација за изградба на верски објект во КО Јамиште, општина Пробиштип
• Изработени се два Основни проекта, еден за изградба на локален пат во СРТЦ Пониква и еден за водоснабдителен систем на СРТЦ Пониква.

• Спа центар во општина Пробиштип
• Изработен е предлог урбанистички план за вон населено место за изградба на спа центар во м.в. Леговец
• Спроведена јавна презентација и јавна анкета за овој предлог план
• Изготвен е Извештај за стратегиска оценка за влијание врз животната средина
• Организиран е јавен увид и јавна расправа за оваа стратегиска оценка

• Легализација на дивоградби
Во рамките на овој проект во општина Пробиштип беа поднесени вкупно 1670 барања за утврдување на бесправно изградени објекти, од кои најголем дел беа за легализација на индивидуални домови, а останатиот дел за легализација на помошни и индустриски објекти. Заклучно со месец Септември 2012, целосно завршeни се 374 предмети.

• Продажба на државно градежно земјиште
Со Одлука на Владата на РМ, државното градежното неизградено земјиште е во постапка на пренесување на општините. Со оваа Одлука, општините имаат надлежност самостојно да управуваат со земјиштето што придонесува за зголемување на приходите на општината и побрз економски развој. Општина Пробиштип беше дел од првите 8 општини кои добија овластувања за управување со државното градежно неизградено земјиште и беше првата општина која спроведе постапка за отуѓување на парцела сопственост на РМ.

ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Климатските промени и неправилното искористување на животната средина резултираат во уништување на природата која започна постојани да ни испраќа сигнали за опасноста која не демне. Грижата за уредувањето на просторот и унапредување на животната средина е неотповикливна мисија на секој граѓанин, а одговорноста освен кај сите граѓани е лоцирана како во локалната, така и во централната власт во секоја држава. Во оваа насока, во периодот од 2009-2012 година, општина Пробиштип презеде повеќе чекори со цел зачувување и унапредување на животната средина.

• Локалитетот Раткова скала е прогласен за заштитено подрачје

• Изработен ЛЕАП на Пробиштип. Во овој план се вклучени пет области: воздух, почва, вода, отпад и природа. Како резултат на изработениот ЛЕАП се изврши реконструкција на водоводните јазли во примарната градска мрежа. Инвестицијата е со вредност од 80.000 евра.

• Изработена е Студија за ревитализација на јаловишната депонија. Ревитализацијата на оваа депонија е доста комплексен проект кој бара и голема сума на финансиски средства. Владата на РМ го идентификуваше овој значаен проблем за општината и го стави проектот во својата Програма за работа, а рокот за реализирање е 2014 година.

• Во Ноември 2010 година е завршена реализацијата на проектот “Еко патека за поврзување на с.Лесново и с.Пантелеј“. Овој проект опфаќа изградба на видиковец во близина на с.Лесново, Партер Подпешки над Злетово, видиковец помеѓу Турско Рудари и Пантелеј, чешма од реден камен во ливади над Турско Рудари, видиковци кај Пантелеј, урбана опрема по патеката, а вдолж патеката се поставени и 3 информативни табли и десетина патокази за насочување и ориентација на посетителите.

• Реализирана е втората фаза од проектот “Лесново“. Втората фаза од овој проект опфаќа изградба на јавен санитарен јазол, изградба на повеќенаменско игралиште, изградба на паркинг простор, изградба на дел од канализациона мрежа. Инвестицијата е со вредност од 150.000 евра.

• Нови контејнери во Пробиштип. Во 2009 година од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање на општина Пробиштип беа доделени 43 контејнери кои беа распоредени низ централното градско подрачје со што старите и дотраени контејнери се заменети со нови и функционални.
• Поставување на контејнери за селективен отпад. Со цел одржување на здрава и чиста животна средина, поставени се контејнери за селективен отпад кои се наменети исклучиво за собирање на пластична амбалажа. Контејнерите се распоредени на локации каде населението е поконцентрирано. Во текот на месец Октомври 2012 година, општината доби донација од 3 нови контејнери за собирање на отпад од пластика, стакло и хартија.

КУЛТУРА

Еден од начините за подобрување на животниот стандард е секако развојот на културата во нашата општина. Општина Пробиштип поседува една од ретките и уникатни кино сали, со сцена предодредена за изведување на културни и театарски претстави. Минеролошката збирка е единствена збирка од овој тип во Република Македонија која привлекува огромно внимание кај сите посетители на Пробиштип.
Имајќи го во предвид фактот дека флексибилното работно време не остава многу слободно време за дружење како и постојаната изложеност на стрес, организирањето на културни манифестации од различен тип е еден од начините за излез од секојдневните обврски и грижи.

• Реконструкција на Спомен паркот. Извршена е реконструкција на Спомен паркот во Пробиштип што опфати обновување на клупите за седење, нови канти за отпадоци, ново осветлување, постоечкото игралиште е разубавено со нова ограда, детски реквизити за најмладите граѓани и рефлектори за негово користење и во вечерните часови.

• Пробиштипски маскенбал. Големата заинтересираност и желбата за преминување на оваа манифестација во традиција се потврди и со постојаниот пораст на бројот на пријавени маски како и зголеменото внимание кај пробиштипската и пошироката јавност.

• Велигденски хепенинг. Манифестацијата организирана во чест на големиот христијански празник.

• Повеќедневна хуманитарна акција “Срце за вас“ наменета за помош на Јапонија

• “Парада на матурантите“

• “Зелникот на баба“

• Музички “Ретро настан“

• Во насока на подобрување на културниот живот, потпишан е и Меморандум за меѓуопштинска соработка со општините од Источниот плански регион.

СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

Желбата за подобрување на квалитетот на животот на сите свои граѓани е еден од основните мотиви кои ја водат општина Пробиштип кон подобрување на целокупниот стандард на живеење. Економскиот развој е темел за развој на секоја општина и држава, директно придонесувајќи за намалување на сиромаштијата и подобрување на целокупната состојба. Бенефитите од економските развој се чувствуваат кај сите граѓани.

• Отворена народна кујна во Злетово. Со цел помагање на старите и изнемоштени лица, како лицата корисници на социјална помош во 2009 година во Злетово е отворена Народна кујна во која се опфатени околу 40 корисници или околу 14 фамилии кои се социјално загрозени.

• Реконструкција на колективна зграда во центарот на градот. Оваа станбена зграда се наоѓа во строгиот центар на градот, а нејзината обрушена стара фасада освен што создаваше проблеми на нејзините станари, значително го нагрдуваше и изгледот на централното градско подрачје. Во рамките на реконструкцијата на фасадата се изврши и замена на старите прозори со нови ПВЦ прозори. Оваа инвестиција е со вредност од околу 1.500.000 денари.

• Бесплатен појадок на учениците чии родители се корисници на социјална парична помош. Проектот опфаќа околу 30 ученици од основните училишта кои секој ден имаат бесплатен оброк за време на наставните часови.

• Бесплатен превоз на дечињата од предшколска возраст од руралните средини до Детската градинка „Гоце Делчев“. Со овој проект моментално се опфатени 15 дечиња, а се очекува нивно зголемување во претстојниот период.

• Бесплатни ортопедски прегледи на дечињата од општина Пробиштип. Општина Пробиштип во соработка со Здравствен дом “Нада Михајлова“ и со ангажирање на ортопед од ПЗБ “Ремедика“ – Скопје, започна со организирање на бесплатни ортопедски прегледи за децата од општината.

• Бесплатни лекарски прегледи во руралните средини. Овие бесплатни прегледи се вршат на период од 2 месеци, со истиот се опфатени 12 села, а предвидено е да бидат прегледани околу 1000 жители на овие населени места.

• Изградба на лифт и пристапна рампа до ООУ „Браќа Миладиновци“. Проектот се состои од изградба на пристапна рампа, изградба на лифт и адаптација на посебен снаитарен јазол за децата со посебн и потреби со што им се овозможува полесен пристап до училиштата. Вредноста на проектот е околу 300.000 евра, средства обезбедени преку ИПА фондовите на ЕУ за прекугранична соработка, а во проектот од македонска страна се вклучени општините Пробиштип, Штип, Кочани и Виница.

• Организирани едукативни работилници за родители на деца до 6-годишна возраст на тема “Правилен раст и развој на секое дете“. Работилниците беа организирани од страна на општина Пробиштип, а одржани од страна на педијатрите во општината. Со проектот беа опфатени и вработените во детската градинка и во Дневниот центар за лица со посебни потреби.

• “Поддршка за имплементација на стратегија за Ромите“. Општа цел на проектот кој веќе е во фаза на имплементација е поддршка во спроведување на локалниот акционен план за имплементација на декадата на Ромите во Пробиштип во период од 2011- 2013 година. Проектот опфаќа реализирање на локални мерки од областа на домување, образование и здравство.

• Организирање и подршка на едукативни трибини од областа на здравството, социјалната заштита, како и подршка на сите невладини организации кои се занимаваат во ваква дејност.

СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА

• Формирање на спортска гимназија во склоп на СОУ Н.Н Борче. Ова училиште е единствено во регионот во кое се школуваат кадри за потребите на спортските клубови.

• Изградена и пуштена во употреба спортската сала “Илинден 1903“ во Злетово. После 10 години Злетово ја доби долговетуваната спортска сала и доби место за спорт и рекреација на младите. Изградбата на оваа спортска сала чинеше околу 18 милиони денари
• Изградено и пуштено во употреба фудбалско игралиште во Пробиштип. На површина од околу 2 хектари, граѓаните на Пробиштип добија нов, современ фудбалски терен кој заедно со поставените рефлектори за користење во вечерните часови особено е користен во текот на летниот период. Инвестицијата е со вредност од околу 12 милиони денари, а средствата се обезбедени од страна на Агенцијата за млади и спорт.
• Изградена и пуштена во употреба спортска сала во Пробиштип. Пробиштип доби уште еден спортски терен каде младите ќе можат да спортуваат и да го поминуваат слободното време. Вкупната инвестиција изнесува околу 42 милиони денари.
• Реконструкција на повеќенаменско игралиште во населба Карпош. Со реконструкцијата беше извршено оградување на игралиштето со заштитна ограда, беа поставени спортски реквизити, изграден пристап и поставувени рефлектори со што се овозможи користење на игралиштето во вечерните часови. Вкупната инвестиција изнесува 500.000 денари средства обезбедени од буџетот на општина Пробиштип.
• Изградба на ново детско игралиште во центарот на градот. Со изградбата беше опфатено поставување на нова подлога, нови модерни детски реквизити, поставување на урбана опрема, како и оградување на игралиштето. Инвестицијата е вредна околу 1.500.000 денари, средства обезбедени од општинскиот буџет.
• Организирање ,,Недела на спортот и културата“. Во периодот од 21 – 28 август, кога секој ден на спортските терени во Пробиштип и на градскиот плоштад се случуваат спортски и културни настани):
• Спортски турнир во мал фудбал за деца до 15 години
• Училишна лига во мал фудбал
• Летен фудбалски турнир во голем фудбал
• Континуирана подршка на над 10 турнири во различни спортски дисциплини

ЈКП „Никола Карев“

• Извршена промена на околу 50 метри цевки на потисниот цевковод на најкритичните места
• Деблокирана е сметката која беше блокирана 6 години наназад
• Вратен е долг од од 4.500.000 ден за електрична енергија
• Набавено е ново теренско возило
• Набавен е нов подигч за смет за
• Почнато е со селектирање на отпад кој се рециклира
• Почнато е со произвотство на сопствени контејнери
• Изработен е елаборат за реконструкција на трафо-станица во ПС Ратавици
• Извршена е промена на 24м цевки на потисниот цевковод Ратавици-Пробиштип
• Изработен е елаборат и е поставена нова катодна заштита
• Набавено е патничко возило
• Реконструкција на водоводни јазли на примарната градска мрежа. Променети се преку 40 вентили, ПП хидранти, воздушни вентили и други пратечки фазони
• Произведени се и поставени 10 броја нови контејнери од 1.1 м3
• Произведени се и поставени 18 броја контејнери за собирање пластика
• Поделени се 150 броја од 120 литарски канти
• произведени се и поставени 20 броја 20 литарски канти за смет
• Изработен е нов примарен водовод во должина од 200 метари во Леговец и е овозмозено водоснабдување на тој дел од градот.
• Набавени се 1500 броја од 120 литарски пластични канти и дистрибурани по населението
• Набавен е софтвер за далечинско читање на водомери
• Поставени се 60 водомери со модули за далечинско читање
• Набавен е и инсталиран интегриран софтвер за работа на комунални претпријатија
• Набавена е електрична машина за прочистување и отпушување на канализации.
Вкупните инвестиции изнесуваат околу 12.600.000 денари.

Дом на култура „Злетовски рудар“

• Реновирање на Домот на културата
• Поставување на нова електрична инсталација
• Поставување на водоводна мрежа
• Преуредување на внатрешниот простор
• Збогатување на книжниот фонд на библиотеката
• Набавка на нова музичка и светлосна опрема
• Поставување на заштитна ограда
• Уредување на платото пред Домот на културата
• Реконструкција на фасадата на кино салата во центарот на градот
• Организирање на голем број културни манифестации и театарски претстави.
Вкупните инвестиции изнесуваат над 4 милиони денари.