Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање  („Сл.Весник на РМ” бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16 и бр.64/18 год.) и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Прбиштип за 2018 година со Одлука Број 26-851/11 од 01.12.2017 год., објавена во „Сл.Гласник” на Општина Пробиштип Бр.3/2017 год., донесена од страна на Советот на Општина Пробиштип, Градоначалникот на Општина Пробиштип  го дава  следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

 За организирање на јавна презентација и јавна анкета  по Предлог – Детален урбанистички план за Урбан Блок  10 Урбан опфат  10.2, Општина  Пробиштип

 Се известуваат граѓаните на Општина Пробиштип дека се организира  јавна презентација и јавна анкета по  Предлог – Детален урбанистички план за Урбан Блок 10 Урбан опфат  10.2, Општина  Пробиштип, во м.в. Град, КО Пробиштип, Општина  Пробиштип, со Тех. број 151/2017 од јули 2018, изработен од  Институт за урбанизам, сообраќај и екологија „ИН-ПУМА“ Скопје.

Границата на конкретниот плански опфат е дефинирана на следниот начин со оските на следните сообраќајници:

-На  север границата започнува  со пресек на ул.„Јордан Стојанов” и ул.„Нада Михајлова”,  односно КП Бр.507/1  и продолжува по осовината на ул. „ Јордан Стојанов” на југозапад се до пресекот на ул. „Партизанска”, односно КП Бр.508/2.

-На запад границата започнува од пресекот на ул.„ Јордан Стојанов” и ул.„ Партизанска”, односно КП Бр.508/2 и се движи на југ по осовината на ул.„ Партизанска”, се до КП Бр.519/5 од каде се движи на запад се до ул.„Јаким Стојковски”, односно КП Бр.1011/1.

-На југ границата започнува од КП Бр.1011/1 и се движи на југоисток по осовината на ул. „Јаким Стојковски” се до КП Бр.1080, односно до пресекот со ул.„Нада Михајлова”.

-На исток границата започнува со пресекот на ул.„Јаким Стојковски” и ул.„Нада Михајлова” односно КП Бр. 1080 и се движи на север по осовината на ул.„Нада Михајлова” се до пресекот со ул.„Јордан Стојанов” односно КП Бр.507/1.

Површината на планскиот опфат во рамките на опишаните граници изнесува  П=7,32 ха.

ЈАВНА  ПРЕЗЕНТАЦИЈА
со стручно презентирање на

Предлог – Детален урбанистички план за Урбан Блок 10 Урбан опфат  10.2, Општина  Пробиштип, во м.в. Град, КО Пробиштип, Општина  Пробиштип, со Тех. број 151/2017 од јули 2018, изработен од  Институт за урбанизам, сообраќај и екологија „ИН-ПУМА“ Скопје, ќе се одржи на ден  7.12.2018год. (петок) со почеток во  12.30  часот во салата на Советот на Општина Пробиштип, во Домот на културата –  Пробиштип.

ЈАВНА  АНКЕТА  по

 Предлог – Детален урбанистички план за Урбан Блок 10 Урбан опфат  10.2, Општина  Пробиштип, во м.в. Град, КО Пробиштип, Општина  Пробиштип, со Тех. број 151/2017 од јули 2018, изработен од  Институт за урбанизам, сообраќај и екологија „ИН-ПУМА“ Скопје, ќе трае 11 (единаесет) работни дена и во електронска и во писмена форма, секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот во просториите на Одделението за Урбанизам при општина Пробиштип, во периодот од  5.12.2018 год.  до 19.12.2018 год., во кој период заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови, кои можат да ги подигнат од Општинскиот центар за услуги (шалтерот) во зградата на кино салата, и од web страната на Општина Пробиштип, или во електронска форма преку информацискиот систем e-urbanizam. Во прилог на анкетните листови  да се достави копие од катастарски план и имотен лист за парцелата за која се доставува забелешката.

Графичкиот  прилог  од  Предлог – Деталниот урбанистички план за Урбан Блок 10 Урбан опфат  10.2, Општина  Пробиштип,  ке  биде  изложен  на   огласна  табла  пред влезот на Општинскиот центар за услуги (шалтерот) во зградата на кино салата, во информацискиот систем e-urbanizam и на web страната на Општина Пробиштип www.probistip.gov.mk, а подетални информации во врска со   Деталниот урбанистички план  може да се добијат во  Одделението за урбанизам на Општина Пробиштип, кое се наоѓа во просториите на зградата на кино салата на вториот кат.

Анкетен лист за Предлог-ДУП за Блок 10.2

известување за ЈП и ЈА за Блок 10.2.p.g.

Соопштение за ЈП и ЈА за Предлог-ДУП за Блок 10.2 Пробиштип

DUP-blok-10.2.Probishtip_04(1)-109