Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање  („Сл.Весник на РМ” бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16 и бр.64/18 год.) и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Прбиштип за 2018 година со Одлука Број 26-851/11 од 01.12.2017 год., објавена во „Сл.Гласник” на Општина Пробиштип Бр.3/2017 год., донесена од страна на Советот на Општина Пробиштип, Градоначалникот на Општина Пробиштип  го дава  следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

 За организирање на јавна презентација и јавна анкета  по Предлог – Детален урбанистички план за Урбан Блок  7 Урбан опфат  7.1, Општина  Пробиштип

 Се известуваат граѓаните на Општина Пробиштип дека се организира  јавна презентација и јавна анкета по  Предлог – Детален урбанистички план за Урбан Блок 7 Урбан опфат  7.1, Општина  Пробиштип, во м.в. Град, КО Пробиштип, Општина  Пробиштип, со Тех. број 28/2018 од септември 2018, изработен од  Институт за урбанизам, сообраќај и екологија „ИН-ПУМА“ Скопје.

Границата на планскиот опфатот е дефинирана на следниот начин:

-На  север границата започнува со пресек на ул.„8-ми Септември” и ул.„Никола Карев” односно КП Бр.1246/13 и продолжува по осовината на ул. „8-ми Септември” на југозапад се до пресекот на ул. „Осоговска”, односно КП Бр.1426/1.

-На запад границата започнува од пресекот на ул.„8-ми Септември” и ул.„Осоговска”, односно КП Бр.1426/1 и се движи на југ по осовината на ул.„Осоговска”, се до пресекот на ул. „Димитар Влахов”, односно КП Бр.1526/1.

-На југ границата започнува од пресекот на ул.„Осоговска” и ул. „Димитар Влахов”     односно КП Бр.1526/1 и се движи на југоисток по осовината на ул. „Димитар Влахов”      се до КП Бр.1526/2, односно до пресекот со ул.„Кочо Рацин”.

-На исток границата започнува со пресекот на ул.„Димитар Влахов” и ул.„Кочо Рацин”   односно КП Бр. 1426/17 каде се спојува со ул.„Никола Карев” и се движи на север се до пресекот со  ул.„ 8ми Септември” односно КП Бр.1426/13.

Површината на планскиот опфат во рамките на опишаните граници изнесува  П=4,2 ха.

ЈАВНА  ПРЕЗЕНТАЦИЈА
со стручно презентирање на

Предлог – Детален урбанистички план за Урбан Блок 7 Урбан опфат  7.1, Општина  Пробиштип, во м.в. Град, КО Пробиштип, Општина  Пробиштип, со Тех. број 28/2018 од септември 2018, изработен од  Институт за урбанизам, сообраќај и екологија „ИН-ПУМА“ Скопје, ќе се одржи на ден  7.12.2018год. (петок) со почеток во  11.00  часот во салата на Советот на Општина Пробиштип, во Домот на културата –  Пробиштип.

ЈАВНА  АНКЕТА  по

Предлог – Детален урбанистички план за Урбан Блок 7 Урбан опфат  7.1, Општина  Пробиштип, во м.в. Град, КО Пробиштип, Општина  Пробиштип, со Тех. број 28/2018 од септември 2018, изработен од  Институт за урбанизам, сообраќај и екологија „ИН-ПУМА“ Скопје, ќе трае 11 (единаесет) работни дена и во електронска и во писмена форма, секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот во просториите на Одделението за Урбанизам при општина Пробиштип, во периодот од  5.12.2018 год.  до 19.12.2018 год., во кој период заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови, кои можат да ги подигнат од Општинскиот центар за услуги (шалтерот) во зградата на кино салата, и од web страната на Општина Пробиштип, или во електронска форма преку информацискиот систем e-urbanizam. Во прилог на анкетните листови  да се достави копие од катастарски план и имотен лист за парцелата за која се доставува забелешката.

Графичкиот  прилог  од  Предлог – Деталниот урбанистички план за Урбан Блок 7 Урбан опфат  7.1, Општина  Пробиштип,  ке  биде  изложен  на   огласна  табла  пред влезот на Општинскиот центар за услуги (шалтерот) во зградата на кино салата, во информацискиот систем e-urbanizam и на web страната на Општина Пробиштип www.probistip.gov.mk, а подетални информации во врска со   Деталниот урбанистички план  може да се добијат во  Одделението за урбанизам на Општина Пробиштип, кое се наоѓа во просториите на зградата на кино салата на вториот кат.

Анкетен лист за Предлог-ДУП за Блок 7.1

Известување-покана за ЈП и ЈА за Предлог-ДУП за Блок 7.1

Соопштение за ЈП и ЈА за Предлог-ДУП за Блок 7.1 Пробиштип

Urban-Blok-7.1---Predlog-plan_dp-174