На ден 23.08.2017 година во раните утрински часови во периодот од 00 – 06 часот на територијата на општина Пробиштип ќе биде извршено петтото по ред теристичко третирање против возрасни комарци. Акцент ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на Злетовска река, долж течението на река Киселица, од Приградска населба Пробиштип по патот кон с. Плешенци, долж течението на Маричанска река, двете јаловишни депонии и кундинско езеро. Се известуваат сите сопственици на пчелни семејства да превземат заштитни превентивни мерки.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ