На ден 08.08.2018 година (среда) во раните утрински часови во периодот од 00 – 08 часот на територијата на општина Пробиштип ќе биде извршено теристичко  третирање против возрасни комарци . Акцент ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на Злетовска река, долж течението на река Киселица, од Приградска населба Пробиштип по патот кон с.Плешенци, долж течението на Маричанска река, двете јаловишни депонии и Kундинско езеро.

Се известуваат сите сопственици на пчелни семејства да превземат заштитни превентивни мерки.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ