Во организација на Општина Пробиштип и на  Дом на култура „Злетовски рудар“ од Пробиштип на ден 07.10.2017 година, во 19 часот во хотелот Сан Нико ќе се одржи 37-то издание на Републичкиот фестивал на пеачи аматери „Профест“ 2017.

После две години пауза Фестивалот на пеачи аматери комплетно ќе биде видоизменет. Решивме да одиме во чекор со времето и да направиме фестивал со кој не само што ќе ја продолжиме традицијата на овој прв и најстар фестивал на пеачи аматери во Република Македонија, туку ќе им овозможиме на младите таленти да го покажат својот талент.

Младите пеачи ќе настапат во живо, а музиката ќе биде наснимана на матрица.

Исклучиво ќе пеат забавни македонски или странски песни.

Право на учество имаат сите млади на возраст од 13 – 22 години.

Ќе ги следи стручна жири комисија, а победникот ќе настапи на „Макфест 2018“ во вечерта на млади таленти.

Сите заинтересирани млади изведувачи можат да се информираат и да се пријават во Општина Пробиштип во Одделението за јавни дејности или на тел 072/ 253 148 кај Раде Илиевски најдоцна до 06.10.2017 година до 15 часот.

 

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ
ДОМ НА КУЛТУРА „ЗЛЕТОВСКИ РУДАР“

profest2013