ИЗВЕСТУВАЊЕ

            За ждребување за места за лепење на изборни плакати во Општина Пробиштип

Се известуваат сите политички партии, коалиции и група избирачи  чии листи на кандидати за Градоначалници и Листи за кандидати за советници  се прифатени  од страна на ДИК за Локалните избори што треба да се одржат на 15.10.2017 година, дека ждрепката за бесплатно истакнување изборни плакати на територијата на Општината Пробиштип утврдени со Одлуката на Совет на општина Пробиштип,  ќе се одржи на 27.09.2017 година (среда) во 12:30 часот во салата  на Општината Пробиштип.

Заинтерсираните политички партии и коалиции треба да поднесат барање со полномошно издадено од организаторот на изборната кампања, најдоцна до 27.09.2017 година (среда) до 12:00 часот на архивата на Општината Пробиштип.