Грб на општина Пробиштип

Грбот на општина Пробиштип претставува зелено поле, со планински врвови, поставено во штит, на кое се наоѓаат следните симболи: манастир со крст и порта, под него вода, а од двете страни на манастирот се поставени вкрстени рударски чекани во круг. Штитот е крунисан со бедемска круна со три кули, а обиколен е со венец од гранки од црница.
Знаме на општина Пробиштип

Знамето на општина Пробиштип претставува зелено поле, со бела лента во средината, која е триаголно назабена во централниот дел, каде што е поставен малиот грб на општина Пробиштип, кој е без рударските чекани кои се извадени надвор, на белото поле и се поставени лево и десно од него.
Туристички знак на Пробиштип
© Хералдичкиот грб на општина Пробиштип, Знамето на општина Пробиштип и Туристичкиот знак на Пробиштип се заштитени знаци на Општина Пробиштип.
Грбот, знамето и туристичкиот знак се избрани на отворен конкурс за изработка на идејни решенија за грб и знаме (Јуни-Септември 2015 година).
Автор на грбот, знамето и туристичкиот знак е Ласко Џуровски (Студио за дизајн и типографија ТОТЕМ).