Уредување и заштита на речните корита на Злетовска, Шталковичка и Киселичка река

Уредување и заштита на речните корита на Злетовска, Шталковичка и Киселичка река. Со реализацијата на овој проект, општината продолжува со постојано чистење на речните корита и нивно уредување.

Подготовка на регионални планови за управување со отпад, заедно со стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за источниот плански регион

Подготовка на регионални планови за управување со отпад, заедно со стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за источниот плански регион

ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Климатските промени и неправилното искористување на животната средина резултираат во уништување на природата која започна постојани да ни испраќа сигнали за опасноста која не демне. Грижата за уредувањето на просторот и унапредување на животната средина е неотповикливна мисија на секој граѓанин, а одговорноста освен кај сите граѓани е лоцирана како во локалната, така и во централната власт во секоја држава. Во оваа насока, во периодот од 2009-2012 година, општина Пробиштип презеде повеќе чекори со цел зачувување и унапредување на животната средина.

• Локалитетот Раткова скала е прогласен за заштитено подрачје

• Изработен ЛЕАП на Пробиштип. Во овој план се вклучени пет области: воздух, почва, вода, отпад и природа. Како резултат на изработениот ЛЕАП се изврши реконструкција на водоводните јазли во примарната градска мрежа. Инвестицијата е со вредност од 80.000 евра.

• Изработена е Студија за ревитализација на јаловишната депонија. Ревитализацијата на оваа депонија е доста комплексен проект кој бара и голема сума на финансиски средства. Владата на РМ го идентификуваше овој значаен проблем за општината и го стави проектот во својата Програма за работа, а рокот за реализирање е 2014 година.

• Во Ноември 2010 година е завршена реализацијата на проектот “Еко патека за поврзување на с.Лесново и с.Пантелеј“. Овој проект опфаќа изградба на видиковец во близина на с.Лесново, Партер Подпешки над Злетово, видиковец помеѓу Турско Рудари и Пантелеј, чешма од реден камен во ливади над Турско Рудари, видиковци кај Пантелеј, урбана опрема по патеката, а вдолж патеката се поставени и 3 информативни табли и десетина патокази за насочување и ориентација на посетителите.

• Реализирана е втората фаза од проектот “Лесново“. Втората фаза од овој проект опфаќа изградба на јавен санитарен јазол, изградба на повеќенаменско игралиште, изградба на паркинг простор, изградба на дел од канализациона мрежа. Инвестицијата е со вредност од 150.000 евра.

• Нови контејнери во Пробиштип. Во 2009 година од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање на општина Пробиштип беа доделени 43 контејнери кои беа распоредени низ централното градско подрачје со што старите и дотраени контејнери се заменети со нови и функционални.
• Поставување на контејнери за селективен отпад. Со цел одржување на здрава и чиста животна средина, поставени се контејнери за селективен отпад кои се наменети исклучиво за собирање на пластична амбалажа. Контејнерите се распоредени на локации каде населението е поконцентрирано. Во текот на месец Октомври 2012 година, општината доби донација од 3 нови контејнери за собирање на отпад од пластика, стакло и хартија.