Организирање на кампања “Стоп за пороците“

Организирање на кампања “Стоп за пороците“
Општина Пробиштип во соработка со релевантните институции организира трибини во населените места за штетните последици од консумирањето на алкохол и наркотични средства. Целна група на трибините се младите лица кои директно се изложени на овие пороци.

Отворање на дисперзирано одделение на Центарот за социјална работа во Злетово

Отворање на дисперзирано одделение на Центарот за социјална работа во Злетово
Со цел поефикасно спроведување на своите надлежности, во текот на месец Август 2013 година, во Злетово се отвори дисперзирана канцеларија на Министерството за труд и социјална работа.

Организирање на бесплатни ортопедски прегледи за мали деца

Организирање на бесплатни ортопедски прегледи за мали деца
Бидејќи на територијата на општина Пробиштип нема ортопед кој го следи развојот на малите дечиња, општината организира бесплатни ортопедски прегледи за малите деца.

Хуманитарна акција за помош на младите од социјално загрозени семејства – ДОНИРАЈ!

Хуманитарна акција за помош на младите од социјално загрозени семејства – ДОНИРАЈ!
Општина Пробиштип ги поддршува хуманитарните акции за помош на социјално загрозените лица преку известувања на веб страната на Општината за потребите и начинот на донирање на парична помош, облека, спортска опрема, мебел и бела техника, како и преку директно вклучување во хуманитарните акции.

СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

Желбата за подобрување на квалитетот на животот на сите свои граѓани е еден од основните мотиви кои ја водат општина Пробиштип кон подобрување на целокупниот стандард на живеење. Економскиот развој е темел за развој на секоја општина и држава, директно придонесувајќи за намалување на сиромаштијата и подобрување на целокупната состојба. Бенефитите од економските развој се чувствуваат кај сите граѓани.

• Отворена народна кујна во Злетово. Со цел помагање на старите и изнемоштени лица, како лицата корисници на социјална помош во 2009 година во Злетово е отворена Народна кујна во која се опфатени околу 40 корисници или околу 14 фамилии кои се социјално загрозени.

• Реконструкција на колективна зграда во центарот на градот. Оваа станбена зграда се наоѓа во строгиот центар на градот, а нејзината обрушена стара фасада освен што создаваше проблеми на нејзините станари, значително го нагрдуваше и изгледот на централното градско подрачје. Во рамките на реконструкцијата на фасадата се изврши и замена на старите прозори со нови ПВЦ прозори. Оваа инвестиција е со вредност од околу 1.500.000 денари.

• Бесплатен појадок на учениците чии родители се корисници на социјална парична помош. Проектот опфаќа околу 30 ученици од основните училишта кои секој ден имаат бесплатен оброк за време на наставните часови.

• Бесплатен превоз на дечињата од предшколска возраст од руралните средини до Детската градинка „Гоце Делчев“. Со овој проект моментално се опфатени 15 дечиња, а се очекува нивно зголемување во претстојниот период.

• Бесплатни ортопедски прегледи на дечињата од општина Пробиштип. Општина Пробиштип во соработка со Здравствен дом “Нада Михајлова“ и со ангажирање на ортопед од ПЗБ “Ремедика“ – Скопје, започна со организирање на бесплатни ортопедски прегледи за децата од општината.

• Бесплатни лекарски прегледи во руралните средини. Овие бесплатни прегледи се вршат на период од 2 месеци, со истиот се опфатени 12 села, а предвидено е да бидат прегледани околу 1000 жители на овие населени места.

• Изградба на лифт и пристапна рампа до ООУ „Браќа Миладиновци“. Проектот се состои од изградба на пристапна рампа, изградба на лифт и адаптација на посебен снаитарен јазол за децата со посебн и потреби со што им се овозможува полесен пристап до училиштата. Вредноста на проектот е околу 300.000 евра, средства обезбедени преку ИПА фондовите на ЕУ за прекугранична соработка, а во проектот од македонска страна се вклучени општините Пробиштип, Штип, Кочани и Виница.

• Организирани едукативни работилници за родители на деца до 6-годишна возраст на тема “Правилен раст и развој на секое дете“. Работилниците беа организирани од страна на општина Пробиштип, а одржани од страна на педијатрите во општината. Со проектот беа опфатени и вработените во детската градинка и во Дневниот центар за лица со посебни потреби.

• “Поддршка за имплементација на стратегија за Ромите“. Општа цел на проектот кој веќе е во фаза на имплементација е поддршка во спроведување на локалниот акционен план за имплементација на декадата на Ромите во Пробиштип во период од 2011- 2013 година. Проектот опфаќа реализирање на локални мерки од областа на домување, образование и здравство.

• Организирање и подршка на едукативни трибини од областа на здравството, социјалната заштита, како и подршка на сите невладини организации кои се занимаваат во ваква дејност.