СОУ “Наум Наумовски Борче”

• Променет е кровот на гимназијата “Наум Наумовски Борче“
• Промена на прозори
• Реконструкција на санитарни јазли
• Нови клупи
• Компјутери за сите ученици и професорите
• Замена на парни котли
• Отворање на нова, современа и опремена библиотека
• Изграден нов потпорен ѕид на средното училиште
Вкупните инвестиции во училиштето изнесуваат околу 46.500.000 ден.

ООУ “Никола Карев”

• Во дворот на подрачното училиште во с.Стрмош е поставен интернет киоск
• Училишните простории на ОУ “Никола Карев“ се реновирани, училишниот двор е осветлен и реконструиран што придонесува за поголема безбедност
• Поставена е нова фасада на влезот на училиштето
• Инсталирани се сончеви колектори
• Ставен е во функција училишниот базен и формирана е пливачка школа
• Во училиштето е опремена една училница за работа со талентирани ученици
• Комплетно се променија старите и дотраени парни котли со нови и енергетски поефикасни со што се очекува заштедата на енергија за затоплување на училиштето да биде повеќе од 20%
• Старите и дотраени хоризонтални и вертикални олуци се заменети со нови со што се реши проблемот со протекување на кровот
Вкупните инвестиции изнесуваат повеќе од 2,6 милиони денари.

ООУ “Браќа Миладиновци”

• Извршена е целосна промена на сите подовите во ОУ “Браќа Миладиновции и се адаптираше простор за првачињата
• За првоодделенчињата е изграден и нов санитарен јазол приспособен за нивната возраст
• Во училиштето е поставен видео надзор
• Поставен е интернет киоск во Злетово, Ратавица и Добрево
• Набавени се клима уреди
• Извршени се поправки на парните котли
• Изградба на два санитарни јазли во П.У. во с. Ратавица.
Вкупните инвестиции изнесуваат повеќе од 2,5 милиони денари.

ЈОУДГ “Гоце Делчев”

• Комплетно бојадисување на сите простории во Срничка
• Нова метална ограда во Цветови и поправка и префарбување на старата
• Набавени 6 клима уреди 5,5 кW
• Купување на Дидактички средства
• Заменети стари душечиња на децата и постелини
• Купени униформи и обувки за вработените
• Донација од МТСП – 3.210.000 денари
• Реконструкција на покрив во објект Цветови
• Поправка и бојадисување на сите столчиња во сите објекти
• Реконструкција на санитариите во Срничка
• Поставување на ламинат во Срничка
• Престругување и лакирање на паркет во Цветови
• Поставена дренажа околу објектот Цветови и дел во објектот Срничка
• Ново патничко возило
• Набавени нови 7 клима уреди
• Набавени 3 нови LCD телевизори
• Комплетно бојадисување на сите простории во Изворче
• Реконструкција на санитариите во Изворче
• Настрешници на влезовите од објектите и терасите
• Поставена дренажа во објектот Срничка
• Набавена машина за миење садови
• Поставени се повеке од 550 m² бекатон плочки и повеке од 200 жардињери во објектите
• Обновена опрема во кујнa
• Замена на влезната врата во објектот Срничка 25.000 денари
Вкупната инвестиција за три години изнесува 10.500.000 денари.

Поставување на ново улично осветлување

Уличното осветлување како значаен сегмент на една урбана средина е во фаза на постојано обновување со ЕЕ светилки, како и со поставување на нови сијалични места во градот и помалите населени места.

Од 2009 до 2011 година на цела територија на општина Пробиштип се поставени 204 нови столбни места, 243 енергетски ефикасни сијалици и 12 рефлектори. Поствени се нови сијалични места на улиците:

• “Миро Барага“
• “Цветко Тонев“
• “Кочо Рацин“
• “Никола Карев“
• “8-ми Септември“
• “Скопска“
• “Гоце Делчев“
• “Доне Божинов“
• “Јаким Стојковски“
• “Стив Наумов“
• Осветлување на градски парк
Освен во урбаната средина, ново улично осветлување е поставено и во повеќето населени места. Вкупната инвестиција за осветлување во последните 15 години е рекордна инвестиција во оваа област.

ОБРАЗОВАНИЕ

Унапредувањето на воспитно-образовниот процес беше и ќе биде една од главните заложби на Општина Пробиштип. Квалитетот на образованието значително зависи и од условите за одвивање на наставата, современите наставни методи и средства, соодветни учебници, воведување на јасни стандарди за објективно следење на наставниот процес.  Поради тоа, образованието е сегмент во кој интензивно се инвестираше во текот на изминатите три години, а на општо задоволство, резултатите веќе пристигнуват. Инвестирањето во образовниот сектор беше и останува да биде еден од моите главни приоритети бидејќи вложувањето во образованието значи вложување во нашата иднина!

За прв пат во Пробиштип е отворен Техничко – технолошки факултет кој работи во склоп на Универзитетот “Гоце Делчев“ од Штип. Во рамките на овој факултет студираат  над 150 студенти.

Бесплатни курсеви по странски јазици и информатика. Во текот на 2010 година во Пробиштип и Злетово за прв пат беа организирани и спроведени бесплатни курсеви по информатика и англиски јазик за возрасни. Курсевите ги посетија околу 350 граѓани. Како резултат на позитивните и успешно спроведени курсеви, во текот на 2011 година општина Пробиштип повторно организираше бесплатни курсеви по странски јазици (англиски, италијански и германски јазик). Овие курсеви беа посетени од околу 150 граѓани.

Бесплатна додатна настава за полагање на матура. Општина Пробиштип во текот на  месеците Април и Мај 2012 организираше бесплатна дополнителна настава за матурантите по предметите  македонски јазик, математика и англиски јазик која беше со цел нивно подготвување за поуспешно полагање на матурскиот испит.

Изградени тротоари

• Изградени тротоари со бекатон коцки на двете страни на улица “Јаким Стојковски“ на површина од околу 500 м2, во должина од 400 метри.
• Бетониран тротоарот на десната страна од улица “Гоце Делчев“ под кој има атмосферски канал и со години претставуваше голема опасност за пешаците.
• Изградени тротоари на улицата “Цветко Тонев“, а изградени се и тротори на дел од улицата “Миро Барага“ во должина од 1 км.
• Поставени се тротоари на влезот во Злетово во должина од 400 м по двете страни на патот.
• Изградени тротоари на патниот правец Пробиштип –Злетово во должина од 150 метри.

Изградба на водовод до с. Древено

Во текот на месец Септември 2012 година целосно се заврши изградбата на нов водовод до с.Древено, со што се реши повеќедеценсикиот проблем со водоснабдување на жителите на ова населено место. Инвестицијата е вредна околу 3.290.000 денари, средства обезбедени од МЖСПП и од општинскиот буџет.

Фасада на кино сала

Во текот на 2011 година се изврши целосна реконструкција на фасадата на кино салата, еден од најрепрезентативните објекти лоцирани во централното градско подрачје. Реконструкцијата на фасадата е следена и со модерна илуминација.

Изградба на фудбалско игралиште

Во Септември 2010 година во Пробиштип беше пуштено во употреба фудбалското игралиште финансирано од страна на Владата на РМ. На површина од околу 2 хектари, граѓаните на Пробиштип добија нов, современ фудбалски терен кој заедно со поставените рефлектори за користење во вечерните часови особено е користен во текот на летниот период. Инвестицијата е со вредност од околу 12 милиони денари, а средствата се обезбедени од страна на Агенцијата за млади и спорт.