• октомври 21, 2016
  • 11:30
  • Минералошката збирка при Дом на култура "Злетовски Рудар" Пробиштип

По повод Денот на македонската револуционерна борба – „23 Октомври“, во организација на Општина Пробиштип и Дом на култура „Злетовски рудар“ Пробиштип, на 21 Октомври (петок), во минералошката збирка при Домот на култура со почеток во 11:30 часот, ќе се одржи предавање на тема „Фазите во развојот на македонското национално револуционерно движење“ со посебен акцент на национално револуционерната дејност на Методија Шаторов – Шарло. Предавач Д-р Соња Николова.