- јануари 5, 2018
- 10:00
- Жгури
По повод христијански празник – Божиќ, традиционално и оваа година на 5 Јануари (петок) ќе се одржи манифестацијата „Берење на бадникови гранчиња“.
Манифестацијата започнува во 09:00 часот, со претставниците од бизнис секторот, при што се дели погача со паричка и се одбира кумот на манифестацијата за следната 2019 година.
Општина Пробиштип за сите заинтересирани граѓани организира бесплатен автобуски превоз до м.в. Жгури, во 10:00 часот, од пред киното салата „Рудар“ во Пробиштип.
На м.в. Жгури ќе се освети погача, која ќе се подели меѓу присутните граѓани и ќе се избере кумот од граѓанството за 2019 година, кој исто така ќе биде дел од организацијата за наредната година.
Манифестацијата ќе биде збогатена со музика, посна трпеза и топли пијалоци, а ќе се берат бадникови гранчиња што ќе бидат дел од божиќната трпеза на граѓаните.