На ден 17.07.2018 година (вторник) во раните утрински часови во периодот од 00 – 08 часот на територијата на општина Пробиштип ќе биде извршено теристичко и авионско третирање против возрасни комарци . Акцент ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на Злетовска река, долж течението на река Киселица, од Приградска населба Пробиштип по патот кон с. Плешенци, долж течението на Маричанска река, двете јаловишни депонии и Kундинско езеро.
Се известуваат сите сопственици на пчелни семејства да превземат заштитни превентивни мерки.
ОПШТИНА ПРОБИШТИП
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ