Се информираат сите физички и правни лица даночни обврзници, кои имаат неплатен долг по основ данок на имот или комунална такса-фирмарина да извршат уплата најдоцна до 15.02.2018 година, во спротивно согласно Законот ќе се пристапи кон присилна наплата на долгот преку деловните банки.
Даночните обврзници, долгот може да го проверат во Одделението за финансиски прашања на Општина Пробиштип (соба бр.39) или на телефон 032/483-131, локал 114.
Со почит,
Одделение за финансиски прашања
Општина Пробиштип