Врз основа на член 36-а од Статутот на Општина Пробиштип (“Сл.Гласник на Општина Пробиштип” бр.04/05, 25/14), и член 4 од Одлуката за основање на Совет на млади на општина Пробиштип (“Сл.Гласник на Општина Пробиштип” бр.26/14), Советот на Општина Пробиштип, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС
ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ
НА СОВЕТОТ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА ПРОБИШТИП

1. Советот на општина Пробиштип распишува јавен оглас за избор на членови на Советот на млади на Општина Пробиштип.
Советот на млади на Општина Пробиштип е советодавно тело на Советот на Општината Пробиштип, основано со цел младите активно да се вклучат во јавниот живот на општината.
Во Советот на млади на Општина Пробиштип можат да бидат бирани млади со постојано место на живеење на територијата на Општина Пробиштип на возраст од 15 до 30 години.

2. Советот на млади на Општина Пробиштип брои 5 членови.
Советот на млади од своите редови избира претседател и заменик претседател.
Членовите на Советот на млади на Општина Пробиштип се бираат со мандат од две години.

3. Право на предлагање на кандидати за членови во Советот на млади на Општина Пробиштип имаат: Невладини организации и Здруженија на млади, ученички совети, студентски совети и други регистрирани облици на организирање на младите.

4. При предлагањето на кандидатите со пријава се доставуват следните документи во прилог:
-Решение од Централен регистар на РМ за регистриран облик на здружување,
-Одлука од орган на управување на здружението за кандидатот за член на Советот ( согласно актите на здружението)
-Предлог кандидат за член на Советот на млади на Општина Пробиштип
-Согласност за прифакање на кандидатурата за член на Советот
-Документација за докажување возраста на предложениот кандидат
-Кратка биографија за кандидатот
Документите мора да бидат потпишани и заверени од страна на овластено лице на здружението кое го предлага кандидатот.

5. Рокот за поднесување на предлози за кандидат за членови на Советот на млади на општина Пробиштип е 8 дена од објавувањето на овој јавен повик.
Неневремено доставените пријави нема да бидат земени во разгледување.

Предлозите за кандидати за членови на Советот на млади на Општина Пробиштип, се доставуваат во затворено плико со назнака “Предлог кандидат за избор на членови на Советот на Млади на Општина Пробиштип”, на следната адреса : Општина Пробиштип Улица Јаким Стојковски бр.1 Пробиштип

ЈАВНИОТ ОГЛАС ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА ПРОБИШТИП СЕ ПРОДОЛЖУВА ДО 15ти АВГУСТ 2017год.

Совет на општина Пробиштип
Претседател
Ранко Давитков

sovet na mladi