Соопштение за физички и правни лица даночни обврзници

Се информираат сите физички и правни лица даночни обврзници, кои имаат неплатен долг по основ данок на имот или комунална такса-фирмарина да извршат уплата најдоцна до 15.02.2018 година, во спротивно согласно Законот ќе се пристапи кон присилна наплата на долгот преку деловните банки.

Отворен ден со граѓаните на општина Пробиштип (27.01.2018)

Општина Пробиштип на ден 27.01.2018 година (сабота) од 11:00 часот организира „Отворен ден со граѓаните на општина Пробиштип„, на кој граѓаните ќе имаат можност да разменат идеи, проекти или да решат конкретни случаи со Градоначалникот.

Водици 2018 (Соопштение)

По повод верскиот православен христијански празник „Водици“ на 19.01.2018 година (петок) во Злетово со почеток во 07:00 часот на местото викано „Пешка“ и во Пробиштип со почеток во 11:00 часот во Аква парк “Македонија”, ќе се одржи манифестацијата „Чествување на Водици“ на која ќе се осветат водите во Злетовска река и во градскиот базен каде ќе се капат голем број на наши сограѓани во потрага по светиот крст. Во Злетово литургијата во црквата „Пресвета Богородица“ ќе започне во 06:00 часот, а во Пробиштип во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ќе започне во 09:00 часот. По завршување на литургијата од двете цркви со литија капачите и граѓаните ќе дојдат до местото на настанот каде ќе се изврши осветување на водите и фрлање на светиот крст.

vodici