Прскање против комарци (08.08.2018)

На ден 08.08.2018 година (среда) во раните утрински часови во периодот од 00 – 08 часот на територијата на општина Пробиштип ќе биде извршено теристичко  третирање против возрасни комарци . Акцент ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на Злетовска река, долж течението на река Киселица, од Приградска населба Пробиштип по патот кон с.Плешенци, долж течението на Маричанска река, двете јаловишни депонии и Kундинско езеро.

Се известуваат сите сопственици на пчелни семејства да превземат заштитни превентивни мерки.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ

Јавен оглас до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата „Општинско-корисна работа“

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Пробиштип, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година усвоен од Владата на Република Македонија за Програмата „Општинско-корисна работа“ 2018г, се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во Програмата „Општинско-корисна работа“, проект “Мрежа од услуги за еднакви можности за сите“ за работно ангажирање со скратено работно време за период од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Пробиштип.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 9 (девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ 2018г. имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата. За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000 денари месечно, со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во програмата општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни  групи невработени лица: долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција), млади лица до 29 години, лица постари од 50 години, лица корисници на социјална помош или на паричен надоместок по основ на невработеност, жртви на семејно насилство, самохрани родители, родители на деца со пречки во развојот, родители на 3 и повеќе деца, лица со незавршено средно или пониско образование, осудени лица по отпуштање од казнено поправна установа.

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на:

 – еден негувател со основно образование или ССС, за помош на стари изнемоштени лица во Пробиштип

–  еден негувател со основно образование или ССС, за помош на лица со оштетен вид,

– еден дипломиран дефектолог за Дневен центар за лица со телесна или ментална попреченост,

– еден личен асистент  со  ССС или ВСС, во Дневен центар за лица со телесна или ментална попреченост,

– двајца образовни асистенти со ВСС група психологија, педагогија, дефектологија, Педагошки факултет-одделенска настава, Предметни наставници, од кои еден во Подрачното училиште во Злетово при ООУ„Браќа Миладиновци“ Пробиштип и еден во ООУ „Браќа Миладиновци“ Пробиштип

Заинтeресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Oпштинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување – Центар за вработување Пробиштип во периодот од 01.08 2018 г. до 14.08.2018 г. од 08:00 до 14:00 часот.

Детални информации за Програмата општинско-корисна работа можат да се добијат во општина Пробиштип кај лицето Анкица Кијајова – општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување – Центар за вработување Пробиштип  кај лицето Илија Петковски,  Центар за социјална работа Пробиштип кај лицето Анета Томева.

Општина Пробиштип

Прскање против комарци (26.07.2018)

На ден 27.07.2018 година (четврток) во раните утрински часови во периодот од 00 – 08 часот на територијата на општина Пробиштип ќе биде извршено теристичко и авионско третирање