Училиштата располагаат со вкупна покриена и корисна површина од 16 390 m2 и истата, во зимскиот период се загрева со топловоден систем, со исклучок на подрачните училишта во село Ратавица, село Добрево и село Стрмош, кој се затоплуваат со печки на дрва (175 m2). Во училиштата се наоѓаат вкупно 45 училници (2 278 m2), 33 кабинети (1 833 m2), 4 библиотеки (94 m2), 3 спортски сали (3 616 m2) и еден зимски базент (258 m2), а располагаат со вкупна дворна површина од 33 676 m2.
Во учебната 2013/2014 година, во училиштата за основно образование се запишани 1 119 ученици, распределени во 60 паралелки, од кои во одделенска настава се запишани 646 ученици, распределени во 35 паралелки и во предметна настава се запишани 473 ученици, распределени во 24 паралелки. На ниво на општината, за учениците со посебни потреби работи една комбинирана паралелка во која се опфатени 9 ученици. Во училиштата работи нижо музичко училиште во кое се запишани 51 ученик и настава за продолжен престој на ученици во која се опфатени 163 ученици од одделенска настава. Воспитно-образовната работа ја организираат и реализираат вкупно 154 вработени, од кои 4 се раководен кадар (директор и помошник директор), 8 се стручни соработници, 5 се административен кадар, 94 се наставници (од кои 38 се наставници во одделенска настава и 56 се наставници во предметна настава) и 43 се технички кадар.