Новости
Втора дератизација на подрачјето на општина Пробиштип
Општина Пробиштип ги информира граѓаните дека во среда 21.10 2026 година, согласно Програмата за општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2026 година и препораките на Министерството за здравство, ќе се извршат следните активности:
Општина Пробиштип продолжува со конкретна поддршка за лицата со оштетен вид
Денеска, по повод 15 Октомври – Светскиот ден на белиот стап, во Општина Пробиштип се одржа настан посветен на подигнување на јавната свест за правата, потребите и секојдневните предизвици со кои се соочуваат слепите и слабовидните лица.
ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица со ниски квалификации
Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија за Програмата за работно ангажирање на – јавни работи, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување, општина Пробиштип објавува
ЈАВЕН ПОВИК
до
евидентирани невработени лица со ниски квалификации
Јавна расправа за Нацрт-Просторниот план на Република Северна Македонија 2040 во Источниот плански регион
Јавната расправа се организира со цел презентација на Нацрт-Просторниот план и овозможување активно учество на единиците на локалната самоуправа, институциите, стручната јавност, засегнатите страни и граѓаните во процесот на подготовка на овој значаен стратешки документ.
ОБЈАВА Бр.1/2026 за давање под закуп на движни ствари во сопственост на општина Пробиштип, опрема на СРТЦ Пониква (објава по прв пат)
ПРЕДМЕТ НА ЈАВНО ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ
Предмет на електронско јавно наддавање е: давање под закуп на движни ствари, сопственост на Општина Пробиштип-опрема на СРТЦ Пониква со податоци според табеларен приказ од објавата.
Јавна расправа по Нацрт-Стратегијата за локален економски развој (ЛЕР) на Општина Пробиштип
Општина Пробиштип упатува јавен повик до сите граѓани, претставници на бизнис-заедницата, граѓански организации, институции и сите заинтересирани страни да присуствуваат на јавната расправа по Нацрт-Стратегијата за локален економски развој (ЛЕР).
Јавно известување за учество на засегнатата јавност во јавниот увид и одржување на јавни расправи по нацрт Извештај за стратегиска оцена на животна средина за Регионален план за управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион (РПУ за ИПР и СИПР)
Се информира широката засегната јавност, особено органите засегнати во Источниот и Североисточниот плански регион, општините кои ги сочинуваат планските региони и граѓаните, дека во рамките на проектот „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“ (NEAR/SKP/2022/EA-RP/0137)
Известување од ОВР – Пробиштип
Се известуваат сите жители на општина Пробиштип, а особено жителите на село Пишица и околните населени места, дека на 04.10.2026 година (недела), во периодот од 08:00 до 13:00 часот, ОВР – Пробиштип ќе реализира боево гаѓање со огнено оружје на локацијата „Пуста Пишица“, атар на с.Пишица.