Skip to content Skip to left sidebar Skip to right sidebar Skip to footer

ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица со ниски квалификации

Врз  основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија за Програмата за работно ангажирање на  – јавни работи, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување, општина Пробиштип објавува

ЈАВЕН ПОВИК

до

евидентирани невработени лица со ниски квалификации

 

Се повикуваат евидентирани невработени лица со ниски квалификации кои се заинтересирани за учество во Јавни работи во проекти од инфраструктурен карактер и заштита на животната средина да се пријават во општина Пробиштип.

За спроведување на оваа програма е предвидена финансиска поддршка во износ од 800 денари по ангажирано лице, дневно со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување, за период од 30 работни дена.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Единиците на локалната самоуправа, Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и невработените лица.

На корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Заинтересираното невработено лице пополнува пријава за учество, изјава за согласност и доставува копија од лична карата и трансакциска сметка. При пријавувањето за учество во програмата, за да се олесни селекцијата на кандидатите, заинтересираните невработени лица,  детално се информираат за работните задачи кои треба да ги извршуваат.

Заинтересираните лица може да поднесат пријава до општина Пробиштип најдоцна до 22.10.2026 (четврток), секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот. Детални информации можат да се добијат во општина Пробиштип, Центар за вработување Пробиштип и Центарот за социјални работи Пробиштип.

Општина Пробиштип

Изјава

Пријава