Прескокни до содржината Прескокни до левата странична лента Прескокни до десната странична лента Прескокни до подножјето

Јавно наддавање за закуп на локации и тезги за „Недела на спорт и култура

пштина Пробиштип ги известува сите заинтересирани граѓани и правни лица дека ќе се спроведе усно јавно наддавање (лицитација) за изнајмување на локации, штандови и тезги за време на манифестацијата „Недела на спорт и култура 2026“.

Детали за одржување на јавното наддавање:

  • Датум и време: 24.08.2026 година со почеток во 12:00 часот.
  • Место: Салата на Советот на Општина Пробиштип.
  • Времетраење на закупот: 2 дена за време на одржувањето на манифестацијата (27 и 28 август 2026 година).

Предмет на закупот:

Наддавањето ќе се изврши за следните локации на Градскиот плоштад во Пробиштип:

  1. Локација бр. 1, 2, 3 (Храна и пијалаци)
    • Почетна цена: 30.000 денари
    • Праг за наддавање: 1.000 денари
  2. Локација бр. 1, 2, 3 (Само пијалаци)
    • Почетна цена: 20.000 денари
    • Праг за наддавање: 1.000 денари
  3. Локација бр. 1 за поставување тезги (2 м2)
    • Почетна цена: 2.000 денари
    • Праг за наддавање: 500 денари

Услови за учество:

  • Право на учество имаат сите заинтересирани кандидати кои ќе уплатат депозит во висина од 50% од утврдената почетна цена за закуп. Депозитот се уплаќа посебно за секоја локација за која се наддава.
  • Уплатата се врши на депозитна сметка во рамките на трезорската сметка или на благајната на Општина Пробиштип.
  • Рокот за уплата на депозитот е најдоцна еден час пред почетокот на јавното наддавање.
  • Правните лица кои ќе вршат продажба во готовина се должни да поседуваат фискален апарат и да издаваат фискални сметки.

Најповолниот понудувач е должен да го уплати вкупниот износ во рок од 3 дена, по што ќе се склучи договор за закуп. На неуспешните понудувачи депозитот ќе им биде вратен во рок од 7 дена.

За сите дополнителни детали, целосното известување можете да го преземете во прилог: