Општина Пробиштип продолжува со конкретна поддршка за лицата со оштетен вид
Денеска, по повод 15 Октомври – Светскиот ден на белиот стап, во Општина Пробиштип се одржа настан посветен на подигнување на јавната свест за правата, потребите и секојдневните предизвици со кои се соочуваат слепите и слабовидните лица.
Денот на белиот стап не е само потсетник за симболот на независноста и самостојното движење на лицата со оштетен вид, туку и силен повик за заедницата кон поголема инклузивност, емпатија и системска грижа.
Општина Пробиштип ја препознава важноста на постојаната поддршка и унапредувањето на квалитетот на животот на лицата со оштетен вид, обезбедувајќи директна финансиска поддршка и олеснувања за нивните секојдневни потреби.
Во таа насока, преку годишната програма за социјална заштита, општина Пробиштип уште еднаш ја потврдува својата посветеност и грижа преку обезбедување мерка за субвенционирање на комуналните услуги за лицата со оштетен вид. Со оваа мерка директно се помагаат домаќинствата и се намалуваат нивните месечни трошоци.
Нашата заложба е да градиме општина во која солидарноста, еднаквоста и грижата за секој еден граѓанин се вистински вредности – преточени во постојана поддршка и конкретни дела.
На настанот беше истакнато дека поддршката нема да застане тука. Општината продолжува да работи на подобрување на пристапноста, подобрување на инфраструктурата и овозможување еднакви можности за сите граѓани.
Се заблагодаруваме на сите учесници, здруженија и граѓани кои зедоа учество во одбележувањето на овој ден и дадоа свој придонес кон градењето на попристапен и поинклузивен Пробиштип.
Солидарноста не обединува – за општина со еднакви можности за сите!