10-247- Соопштение за ЈУ за УП за А1.5 – станбени куќи во состав на селско стопански двор на КП 1304, 1305, 1306, 1309, 1310 и дел од КП 1289-2 КО Лесново
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ОПШТИНА ПРОБИШТИП
Бр.10–247/3 од 28.10.2026 год.
Пробиштип
Врз основа на член 62 став 10 од Законот за урбанистичко планирање („Сл.Весник на РСМ” бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25,101/25,127/25,134/26 и бр.212/26год.), Градоначалникот на Општина Пробиштип го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
за спроведување на јавен увид
на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена А1.5-станбени куќи во состав на селско стопански двор на КП бр.1304,1305,1306,1309,1310
и дел од КП 1289/2 КО Лесново, Општина Пробиштип
Се известуваат граѓаните на Општина Пробиштип дека се организира јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена А1.5-станбени куќи во состав на селско стопански двор на КП бр.1304,1305,1306,1309,1310 и дел од КП 1289/2 КО Лесново, Општина Пробиштип, со Тех.Бр.47/2026 од 10.2026 год., изработен од страна на планерската куќа Институт за урбанизам, сообраќај и екологија „ИН-ПУМА” Скопје.
Предметниот проектен опфат за горенаведениот урбанистички проект, се наоѓа во атарот на селото Лесново вон опфат на важечки урбанистички планови и ги опфаќа КП бр.1304,1305,1306,1309,1310 и дел од КП 1289/2 во КО Лесново, општина Пробиштип.
Површината на проектниот опфат изнесува П=12217,96м2 или П=1.22 ха и периметар со должина од Л=717,14 м.
Намената на проектниот опфат е според „КЛАСИФИКАЦИЈА НА ГРАДБИ И НАМЕНИ”:
Група класа на намени:
- А1.5-СТАНБЕНИ КУЌИ ВО СОСТАВ НА СЕЛСКО СТОПАНСКИ ДВОР
ЈАВНИОТ УВИД
на Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план со намена А1.5-станбени куќи во состав на селско стопански двор на КП бр.1304,1305,1306,1309,1310 и дел од КП 1289/2 КО Лесново, Општина Пробиштип, со Тех.Бр.47/2026 од 10.2026 год., изработен од страна на планерската куќа Институт за урбанизам, сообраќај и екологија „ИН-ПУМА” Скопје, ќе трае 15 (петнаесет) дена во електронска форма, кој надлежниот орган го става на увид на јавноста со објавување на службената web страна на општина Пробиштип www.probistip.gov.mk, во периодот од 30.10.2026 год. до 13.11.2026 год., за кое време може да се достават евентуални забелешки, секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот во просториите на Одделението за Урбанизам при општина Пробиштип.
Со почит,
Изготвил: Ј.Дукоска
Одобрил: Б.Станојковски
м.п. ОПШТИНА ПРОБИШТИП
Градоначалник
Тони Тоневски